Вработување во ВАН ХООЛ, АЛКАЛОИД, АЛМА - М!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Даути Комерц- А.Д лидер во регионот и пошироко во микродистрибуција на производи за широка потрошувачка.

Моментално вработува:

ГОТВАЧ/КА
ФАКТУРАНТ/КА

ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден.

Моментално вработува:

ИНСТАЛАТЕР НА ПРОЗОРЦИ
АВТОЛИМАРИ/МОНТЕРИ - КАРОСЕРИЈА И ПАТОС
ЕЛЕКТРО ТЕХНИЧАРИ - ТЕХНИЧКА КОНТРОЛА

Сите останати работни позиции од ВАН ХООЛ можете да ги најдете ТУКА.

„Алкалоид“ AД Скопје е компанија која повеќе од осум децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи.

Моментално вработува:

СЕРВИСЕР ЗА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

Стокомак е ланец на дисконти продавници кој работи по концептот хард-дисконт.

Моментално вработува:

ПРОДАВАЧ/КАСИЕР - КРАТОВО
РЕФЕРЕНТ ЗА НАБАВКА
ПРОДАВАЧ/КАСИЕР – МИЧУРИН

Сите останати работни позиции од Стокомак можете да ги најдете ТУКА.

СЕТЕК сé од техника ја поседува најголемата дистрибутивна мрежа во Македонија која ја сочинуваат повеќе од 500 активни партнерски фирми – соработници и кооператори.

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО СКОПЈЕ
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО КУМАНОВО

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин ќе ги најдете ТУКА.

ТТК БАНКА АД Скопје е успешна универзална банка која функционира со стабилен позитивен раст преку широко распространетата мрежа на филијали и експозитури. Банката ги извршува сите банкарски активности следејќи ги основните принципи на банкарското работење - стабилност, ликвидност, профитабилност и солвентност.

Моментално вработува:

ПОМЛАД БЛАГАЈНИК ВО ЕКСПОЗИТУРА ПРИЛЕП

Алма-М е дистрибутер на најголемата светска компанија за храна Nestle на територијата на Македонија и иницијално се занимава со увоз и извоз на стоки од широка потрошувачка.

Моментално вработува:

РЕГИОНАЛЕН МЕНАЏЕР ЗА ПРОДАЖБА

МАКСТИЛ е регионален лидер во производството на топловалани дебели лимови.

Моментално вработува:

ТЕХНИЧАР ВО ОДРЖУВАЊЕ
РАКУВАЧ СО МАШИНО – АЛАТ
ЕЛЕКТРИЧАР

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Кривична за скопјанецот кој ѕверски малтретираше куче

Полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Љ.К.(61) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од граѓанин на 19.11.2024 во 09 часот дека во Момин Поток-индустриска зона Љ.К. со тврд предмет нападнал куче и му нанел повреди.

Со Љ.К. е извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“ по чл. 233 од КЗ на РСМ, информираа од МВР. 

Истражување во Скопје: Како жените и мажите стигаат до работа и училиште?

Резултатите од истражувањето покажуваат значителни разлики во начинот на кој жените и мажите се движат низ градот.

Според податоците, голем дел од жените (68%) користат јавен превоз за да стигнат до своето работно место или училиште, додека само 32% од мажите го избираат истиот превоз.

Во исто време, мажите многу почесто користат автомобил, при што 66% од нив се возачи, додека само 34% од жените го возат автомобилот.

Овие податоци се дел од истражување на Реактор, кое го анализира начинот на кој работоспособното население во Скопје го користи јавниот превоз.

Резултатите покажуваат дека жените имаат поголема потреба од јавен превоз, што ја рефлектира важноста на развојот на сигурни и достапни транспортни опции во градот.

(Видео) Ова е првата скопска општина која почна со новогодишно украсување

Од вчера почна новогодишното украсување во Општина Центар. Ваквата вест ја објави градоначалникот Горан Герасимовски кој вели дека на овој начин сака да се внесе новогодишна магија во секое на катче на општината.

„И оваа година со празнично украсување внесуваме новогодишна магија во секое катче на нашата општина. Со внимателно одбрани декорации, елки, светлосни фигури и уникатни украси, целта е да создадеме атмосфера што ќе ги инспирира и обедини сите наши сограѓани“, вели Герасимовски.

Празничното украсување ќе се реализира на повеќе локации, со посебен акцент на познатите јавни простори како Сквер Јадран, Боемска, Сквер Капиштец и паркот Капиштец, кои ќе блеснат во светлоста на празниците.

„Дополнително, ќе се постават дрвени куќички и декорации кои ќе ја надополнат зимската бајка. На плоштадот „Јадран“ ќе биде организиран новогодишен базар, кој ќе се одржува неколку дена пред новогодишната ноќ, со бројни настани и забави. Во моментов се договараат македонски музичари кои ќе ги забавуваат граѓаните предновогодишно.Целта на овој ангажман е да се поттикне заедничко празнување, радост и оптимизам во пресрет на Новата година. Општина Центар продолжува со својата посветеност да го направи овој период од годината посебен за секој жител и посетител. Планот е до 2 декември Општината да биде во новогодишна бајка“, порачува Герасимовски.

Видеото од самото украсување можете да го погледнете ОВДЕ

Популарно