Почина Субрата Рој - Индискиот магнат

Индискиот магнат, Субрата Рој, основачот на Сахара Индија Паривар, почина денеска на 75-годишна возраст, соопшти „Сахара груп“.

Во соопштението се вели дека тој починал од срцев удар. Бил болен од рак, имал висок притисок и дијабетес.

Бил примен во болницата на 12 ноември, откако му се влошилa здравствената состојба.

Роден на 10 јуни 1948 година, во Арарија, Бихар, Рој беше истакната фигура во индискиот бизнис.

Имаше огромна империја која опфаќаше различни сектори: финансии, недвижности, медиуми и угостителство.

Македонски државјанин пронајден мртов во Италија

Бездомник со македонско потекло на околу шеесет години бил пронајден мртов вчера околу ручек во близина на железничката станица во Порто Реканати, во близина на Анкона, пренесува „Радиоере“.

Според локалните жители, бездомникот често престојувал на железничката, но дека никогаш не правел проблеми.

На 1. јануари околу 16 часот, случајни минувачи го забележале неговото безживотно тело, по што била алармирана итната помош, кои само констатирале смрт.

Надлежните се обидуваат да ги разјаснат причините за смртта. Човекот никогаш не покажал очигледни знаци на здравствени проблеми, но студените зимски температури можеби придонеле за влошување на неговата состојба.

Трагедија: 37-годишна скопјанка пронајдена почината во куќа во с.Средно Коњари

Вчера во 21.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во куќа во с.Средно Коњари, скопско, каде престојувала, била пронајдена почината В.Ц.(37) од Скопје. 
 

Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.

Бегал од полицијата, па предизвикал сообраќајка: Тројца повредени

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје околу 10 минути по полноќ, на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода К.Ј.(26) од Скопје, кој управувал патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки и при даден знак од полициските службеници не застанал туку продолжил со движење и предизвикал сообраќајна незгода помеѓу неговото возило, патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Т.(26), и патничко возило „пежо 206“ со скопски регистарски ознаки, управувано Д.М.(23), двајцата од Скопје.

-Во незгодата А.Т, Д.М. и неговата сопатничка И.Н.(21) од Скопје се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. По незгодата, К.Ј. продолжил со движењето и со своето возило удрил и во возило „дачија дастер“ со скопски регистарски ознаки и причинил материјална штета, информира МВР.

Откако бил пронајден, при преглед во неговото возило била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Популарно