Вработување во Кам Маркет, Зегин, Кромберг и Шуберт!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Даути Комерц - А.Д лидер во регионот и пошироко во микродистрибуција на производи за широка потрошувачка.

Моментално вработува:

МЕРЧЕНДАЈЗЕР (РЕДАЧ НА РОБА) - СТРУМИЦА, ШТИП, РАДОВИШ
САМОСТОЕН РЕФЕРЕНТ ЗА ИЗВОЗ

УНИБанка опстојува 30 години на македонскиот банкарски пазар, која нуди широк спектар на продукти услуги насочени кон правниот и физичкиот сегмент. Кредити, депозити, дебитни и кредитни картички, гаранции, електронско и мобилно банкарство, се само дел од банкарските продукти и услуги.

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ ВО СЛУЖБА КОНТАКТ ЦЕНТАР

Кромберг и Шуберт се фокусира на развој и производство на комплексни системи за ожичување за автомобилската индустрија.

Моментално вработува:

PURCHASING OFFICER - INTERN
PURCHASING OFFICER – Скопје

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

КАМ доо е најголем синџир на маркети во Македонија кој ги применува основните принципи на хард дискон, висок квалитет и постојано ниски цени.

Mоментално вработува:

ВОЗАЧ Ц КАТЕГОРИЈА
РАБОТНИЦИ ЗА МАГАЦИНСКО РАБОТЕЊЕ - СПРЕМАЧИ НА РОБА
КАСИЕРИ/КИ - СТРУГА
КАСИЕРИ/КИ – ОХРИД
РАКОВОДНИ ЛИЦА – КОЧАНИ
КАСИЕРИ/КИ – ГОСТИВАР
КАСИЕРИ/КИ – СКОПЈЕ
РАКОВОДНИ ЛИЦА - СКОПЈЕ

Нептун е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа на производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/Аудио/Видео, компјутери, телефони, фото апарати и камери, производи за нега и убавина, ладење и греење.

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО ТЕТОВО
ПЕРСОНАЛ ЗА РАБОТА НА КАСА И КРЕДИТИРАЊЕ ВО СКОПЈЕ
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО БИТОЛА

АМСМ е современа организација во која се обединуваат богатото искуство и современите концепти на работење, карактеристични за потрошувачки ориентираните и модерни организации.

Моментално вработува:

ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ
АГЕНТ ВО КОНТАКТ ЦЕНТАР

Зегин е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Моментално вработува:

РЕГИОНАЛЕН МЕНАЏЕР ЗА ПРОДАЖБА
ДИПЛОМИРАН ФАРМАЦЕВТ/ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР - ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА
ФАРМАЦЕВТ/ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР – СКОПЈЕ
АСИСТЕНТ НА ПРОДАЖБА
КООРДИНАТОР НА МЕЃУНАРОДНИ ПАЗАРИ
ЛАБОРАТОРИСКИ БИОХЕМИЧАР

Хотел Актор, најновиот додаток на живописниот и шармантен град Скопје. Хотелот може да се пофали со 50 луксузни соби, најсовремен спа центар, ресторан од светска класа и архитектонски дизајн со стравопочит кој ќе ве остави без здив.

Моментално вработува:

СМЕТКОВОДИТЕЛ/КА

ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден.

Сите активни позиции од ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Бојкот на маркетите поради високите цени

Поддршката за иницијативата за бојкот на маркетите вчера дојде и од Занаетчиската комора, која воедно, ги повика граѓаните да направат поправеден избор и да пазарат кај малите занаетчии.

По повиците на социјалните мрежи, денеска се очекува граѓаните да не пазаруваат во маркетите поради високите цени на прехранбените производи. Иницијативата која прво се случи во Хрватска, а вакви акции се најавени и во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Словенија, доби поддршка од пошироката јавност, како и од партиите од власта и од опозицијата, додека надлежните институции најавија ригорозни контроли во маркетите и трговските објекти и итна реакција на терен.

Премиерот Христијан Мицкоски деновиве неколкупати искажа разбирање за бојкотот и најави засилени контроли и казни за трговците кои го изигруваат законот и мерки за заштита на животниот стандард.

Тој и вчера од собраниската говорница на седницата за пратенички прашања, истакна дека нема да се дозволи, поединци да ги злоупотребуваат своите позиции и да заработуваат на грбот на граѓаните.

– Состојбата што ја затекнавме е алармантно катаклизмична. Има различни начини за справување со предизвиците, замрзнување на цени, замрзнување на маржите, замрзнување на дистрибутивните маржи… Тоа што ние прво го напрвивме е имплементирање на Законот за нефер трговски пракси, разговаравме со производителите и коморите се со цел да не применуваме офанзивни рестриктивни политики, туку тоа да биде со консензуален пристап и како резултат на тоа ја направивме новогодишната потрошувачка кошничка, рече Мицкоски.

Но, како што посочи, според сведоштва на граѓаните, дел од производителите, дистрибутерите и маркетите, се служат со трикови што доведе до поскапување на одредени производи, како што на пример беше цената на маслото за јадење.

– Дел од производителите тоа го правдаа со цената берзите која била зголемена, но ние проверивме и се уверивме дека тоа не е тоа така. Во целата спроведена анализа за потрошувачката кошничка воочивме дека можеби ќе треба да се прошири оваа акција, бидејќи како да ги заборавивме аптеките бидејќи со право пензионерите се незадоволни. Оваа акција ќе добие и свое второ полувреме и затоа апелирам до сопствениците на аптеки да размислат, а ќе има и трето полувреме за синџирите за бела техника. Ние пошироко ќе гледаме на оваа состојба бидејќи се влегува во потрошувачката кошничка, вклучувајќи ја и продажбата на текстил, нагласи Мицкоски. Најави дека во периодот кој што следи Владата планира намалување на парафискалните давачки, односно како што рече, нешто што позитивно ќе влијае на намалување на цените.

Цела вест на курир.мк

Успешно реализирана работилницата за ментално здравје во организација на KARIERA.mk

На ден 30.01.2025 год. во Хотел Панорамика се одржа работилница за ментално здравје предводена од Розалија Секулоска и Цветанка Штерјова Бурзевска докажани експерти во полето на психотерапијата во организација на KARIERA.mk  

Во текот на работилницата се дискутираше за стратегии како:

  • Човечноста да стане водечки принцип во секојдневната работа
  • Како да изградите тим кој ќе биде отпорен на стрес
  • Како да создадете динамика на работа базирана на разбирање и соработка а притоа да може да спроведувате и соодветни техники на наградување и казнување
  • Како полесно да успееме да ги пребродиме потешкотиите во нашиот кариерен ангажман без притоа силно да влијаат на нашите приватни животи?

Компании кои испратија свои тимови на работилницата беа: Involve Development, Cleanex Professional, NLB, Polyesterday, Alkaloid, Unija Smart Accounting, Pikasa, Cemеtarnica USJE, Maliqi Group, Telelink Infra Services, Marquardt Macedonia, KIEL Macedonia, SilverLeads.co, Wik Makedonija, Штедилница Можности, OKTA AD, Imperial Tobako, Агенција за електронски комуникации, КAM Маркет.

Ви благодариме за вашето присуство и одличната енергија!

Погледнете дел од атмосферата и се гледаме на следната работилница!

Во прилог галерија од фотографии:

По кратко боледување почина новинарот Ѓорѓи Томиќ

По кратко боледување денеска во Скопје во 42 година од животот почина новинарот Ѓорѓи Томиќ.

Долги години беше дел од редакцијата на Канал 5 од 2007 до 2018 година, каде работеше како уредник во информативната редакција. Во новинарската кариера следеше настани од надворешната политика.

Колегите ќе го паметат како добар новинар и голем другар.

Популарно