Трагедија: Маж пронајден починат, позната е причината за смртта

На 22.05.2024 во 19:40 часот во Полициската станица Кисела Вода било пријавено дека во домот на подрачјето на Кисела Вода бил пронајден починат М.Т.(65) од Скопје.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршила екипа од СВР Скопје.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, при што е утврдено дека причина за смртта бил струен удар.

Еден скопски булевар денеска и утре ќе биде затворен за возила

Поради снимање на сцени од филмот „Осветлен“, денеска (26 јуни) од 18:00 часот до четврток (27 јуни) во 5:00 часот, ќе има измена на сообраќајниот режим на булевар „Србија“ во Скопје, соопшти продуцентската куќа „Ново македонско видео“.

Предвидено да се снима на потегот помеѓу булевар „Трета Македонска Бригада“ и булевар „Србија“. Ќе биде затворена едната сообраќајна лента од крстосницата со булевар „Борис Трајковски“ до крстосницата со булевар „Трета Македонска Бригада“. На истиот потег за време на снимањето ќе биде овозможено движење само на автобусите на јавниот градски превоз, товарните возила и на амбулантните возила.

За време на снимањето обезбедена е полициска асистенција од СВР Скопје.

Продуцентската куќа „Ново Македонско Видео“ изминатиов период го реализира играниот филм „Осветлен“ во режија на Срѓан Јанаќиевиќ.

Филмот се снима на повеќе локации низ Скопје.

ЕК: Му честитаме на Мицкоски, ама мора да ги спроведе реформите

Од наша страна ние им честитавме на премиерот Христијан Мицкоски и на министрите по формирањето на новата коалициска Влада и Европската Унија ќе соработува со неа во остварувањето напредок во суштинските реформи со цел земјата да напредува на европскиот пат, изјави портпаролката на Европската комисија за соседска политика, проширување и меѓународни партнерства Ана Писонеро. 

- Мислам дека пораката е многу јасна, Северна Македонија мора да го искористи моментумот кој постои за проширувањето со цел да продолжи решително на нејзиниот ЕУ пат. Мислам дека сите сте крајно свесни за тоа што Европскиот совет јасно го кажа дека го очекува од Северна Македонија, а тоа секако се однесува и на уставните амандмани за кои Северна Македонија се обврза да ги спроведе за да може да продолжи по својот ЕУ пат, истакна Писонеро во одговор на новинарско прашање за ставот на ЕК околу изјавата на Мицкоски дека „нема да прифати промена на Уставот“, како и околу „не користењето на уставното име од страна на Владата“. 

Писонеро додаде и дека ЕУ веќе кажала оти жали поради не користењето на уставното име на земјата од страна на „некои македонски лидери“.

- Тоа е нешто што е договорено со Преспанскиот договор и јасно е дека сите страни треба да ги почитуваат одредбите од Договорот и да го имплементираат со добра волја. Тоа имаме да го кажеме, истакна Писонеро.

Кисела Вода: Се запалија три возила

Денеска (25.06.2024) во 03.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода во Скопје настанал пожар во патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на П.В.(77) од Скопје.

Од пожарот биле зафатени и две други патнички возила, „шевролет“ сопственост на М.С.(40) и „пежо“ сопственост на М.О.(49), двете од Скопје.

Повредени лица нема. Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје

Популарно