Палчо со порака до мајката на Вања, а еве што вели за таткото Александар

Судот не го прифати барањето на мајката на убиеното девојче Вања Ѓорчевска јавноста да биде исклучена од цела јавна расправа.

Одбраната на обвинетите беше против исклучување на јавноста.

Првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо кажа дека поради ова нема да ја повика мајката на Вања да сведочи за да не се вознемирува.

 

Судскиот процес за убиството на Вања и велешанецот Панче Жежовски почна денеска со воведни зборови на обвинителството.

Денес во судницата на рочиштето за двојното убиство на Вања и Панче, првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо изјави дека „родителот на Вања, Александар е наместен од полицијата и дека не го познава“.

-Ова е политичка наредба, ова обвинителство раскажува приказни. Родителот на Вања е наместен од полицијата. Јас, Александар не го познавам ниту пак обвинителството докажало меѓу мене и него. Јас бев киднапиран, благодарение на судијата на претходна постапка, но кога дојдов во затворот Скопје, констатирав дека има комплетно погрешни податоци. Бев на понижувачки начин со калашникови донесен пред судија на претходна постапка Душан Јосифов.

70% од мојата кичма не е во функција, јас ќе одев да направам магнетна резонанца во Турција, на 20-ти мај мојата ДНК е ставена, изјави Палчо.

Новото основно училиште во Визбегово не е почнато со работа, допрва ќе се бара кадар

Наставата за новото основно училиште во „Визбегово“ не е почната. Децата од оваа населба и по речиси 3 недели од почетокот на школската година седат дома пренесе телевизија „Телма“. Училиштето е ново и модерно, требаше да започне со работа оваа година, но иако во него се запишани повеќе од 250 ученици од прво до петто одделение вратите за нив се заклучени.

„Долго време го чекавме отворањето на ова училиште кое веќе е завршено и целосно готово за употреба, но сепак вратите остануваат затворени. Денес јавно се обраќаме до МОН и градоначалникот на Општина Бутел со едноставно прашање кога ќе ги отворите вратите на училиштето?“, прашува жител на општина Бутел.

Градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски во изјава за „Телма“ вели дека требале да чекаат прво да се направи ребаланс на буџетот, а потоа да се добие согласности од Министерството за образование и Министерството за финансии. Објаснува дека одобрението е добиено во текот на вчерашниот ден и веќе денес е распишан оглас за вработување.

„Три работни дена трае огласот и до вторник треба веќе да заврши, а до крајот на следната недела треба да почне и наставата. Во оваа прилика би апелирал до сите оние кои ги исполнуваат критериумите за вработување да аплицираат на отворените огласи се со цел комисијата да избере што поквалитетен кадар за работа“, изјави Костовски.

Земјотрес во Бугарија, бил почувствуван и во Македонија

Земјотрес со јачина од 2,7 степени по Рихтер е регистриран во Бугарија, во непосредна близина на границата со Македонија.

Земјотресот се случил во 12:22 часот. Бил на длабочина од 10 километри.

Поплави во Унгарија, Будимпешта под вода

Дунав веќе неколку денови е излеан од своето корито во центарот на Будимпешта. Во изминативе денови нивото на водата во главниот град на Унгарија порасна за повеќе од еден метар. Насипите во повеќето делови на градот се веќе поплавени, а водата веќе стигна пред зградата на унгарскиот Парламент.

Според прогнозите, годинашната поплава нема да го надмине рекордниот водостој на Дунав во историјата. Во Будимпешта пикот се очекува да биде денес кога водата треба да се искачи на 840 сантиметри, што е 51 сантиметар под нивото на поплавата од 2013 година.

Во главниот град на Унгарија веќе почнаа да се применуваат сообраќајни ограничувања – затворени се многу метро станици, променети се автобуските и трамвајските линии. Во многу делови на Унгарија има затворени патишта.

Кишороси, село на островот Сант’Андреа во округот Пешта, целосно е отсечено од надворешниот свет поради водата, а критична е и ситуацијата и во Вача. Од безбедносни причини, повеќе од 150 населени места покрај Дунав останаа без струја.  Во средината на септември поплави ги погодија земјите од Централна и Источна Европа. Покрај Унгарија, поплави има и во Полска, Чешка, Австрија, Словачка и Романија.

Популарно