(Видео) Се крадело масовно струја, разоткриени познати кафулиња, пекарници и ресторани во Скопје и Македонија

Најновото издание на „КОД“ открива криминална мрежа на познати Познати кафулиња, пекарници, ресторани и други бизниси во Скопје и низ Македонија како крадат струја. Од ЕВН за „КОД“ откриваат дека имало уред со кој се „замрзнува“ броилото и не ја евидентира потрошената струја.

Ваквиот уред не бил досега евидентиран при манипулација и кражби на броила, системот за далечинско управување на ЕВН веднаш алармира кога ќе се појават одредени отстапувања во потрошувачката. Од ЕВН додаваат дека уште од канцеларија знаат дали некој го манипулира броилото.

„Анализата на броилото ни дава точни технички параметри за тоа дали броилото е расипано или се работи за манипулација. Овој уред е многу софистициран и тешко се открива при обични контроли. За среќа, нашиот систем за далечинско управување веднаш алармира кога има одредени отстапувања во потрошувачката“ изјави Александра Костовска, раководителка на одделот за мерење на мрежа во ЕВН за емисијата „КОД“ која се емитуваше на ТВ Телма.

Според неа, инженерите на ЕВН можат преку детална анализа на податоците од броилото да утврдат дали станува збор за технички проблем или за намерна манипулација. Оваа акција на ЕВН покажува дека криминалците постојано развиваат нови методи за кражба на струја, но и дека енергетските компании преземаат соодветни мерки за да ги спречат.

За сите сторители на кражба на струја ЕВН поднел кривични пријави. Според законот, за ова дело се предвидени затворски казни до 5 години и парични казни за правни лица од 1500 до 15.000 евра. Јавното обвинителство активно работи на расветлување на овие случаи и гонење на одговорните.

Емотивно е врзан - Скопјанка бара помош да се пронајде велосипедот на лице со деменција

На социјалните мрежи утрово се појави апел за помош да се пронајде изгубениот велосипед на повозрасен скопјанец кој страда од деменција, а емотивно е врзан со ова свое превозно средство.

- Ве молиме за помош добри луѓе. Имаме сериозен проблем. Возрасно лице со доза на деменција тргнал сам на лекар со велосипед кој според негово кажување му се расипал и го заклучил со ланец за некој метален столб. Тој се врати дома. Локацијата каде е велосипедот не умее да ја каже. Велосипедот е години стар без некоја висока вредност, но човекот е емотивно врзан за истиот и според однесувањето се менува неговата состојба. Локацијата би требало да е некаде во реонот на стар Аеродром во овој реон. Велосипедот е Max женски модел - бел со розеви цветови. Ве молиме доколку го видите да ни јавите. Ви благодариме, се наведува во апелот за помош од секој добронамерен жител на Скопје кој можеби ќе го види некаде овој велосипед.

Инцидент во Аеродром: Со дрвен предмет нападнал сосетка, па потоа ги нападнал и полицајците

Инцидент се случил вчеравечер во скопски Аеродром.

Како што соопштија од полицијата, вчера во 19.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Н.Ц.(50) и С.М.(49) затоа што на подрачјето на општина Аеродром го нарушиле јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија и затоа што претходно С.М. физички и со дрвен предмет ја нападнала соседката С.Х.(37).

По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци, додаваат од МВР. 

Скопјанец загина откако со „даеву“ излетал од пат

Вчера во периодот од 21.30 до 22.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Шар планина“ во Скопје, патничко возило „даеву“ со скопски регистарски ознаки, управувано од  К.П.(72) од Скопје, излетало од коловозот.

Од здобиените повреди, на местото на несреќата починал К.П., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е даден за обдукција. 

Популарно