Наместо два останале 12 дена во Македонија: Брачен пар со три деца од Литванија воодушевени од македонските убавини

Брачен пар од Литванија со своите три деца воодушевени од убавините на земјава годинава наместо првично планираните ден-два останале 12 дена. За македонските природни убавини се информирале од интернет и од нивни блиски роднини кои ја посетиле државава.

Манта и Маркос, кои беа во посета на Винскиот музеј во Кавадарци, велат дека се вооодушевени од македонските убавини. Заедно со трите деца ги разгледуваа експонатите во Музејот и внимателно слушаа за винската приказна на регионот, љубопитно распрашувајќи се и сакајќи да откријат што е можно повеќе за земјата.

Сакаме природа, вкусна храна и добро вино. На почетокот, кога размислувавме за тоа каде да одиме на одмор, разгледувавме и други опции. Но, кога на интернет видовме какви се македонските природни убавини и кои се другите можности вклучени во туристичката понуда, интересни работи и места, сфативме дека македонските убавини заслужуваат да бидат видени. Така одлучивме и го направивме нашиот избор и не згрешивме. Освен убавините со кои располага земјата, многу голем впечаток ни оставија и луѓето кои се пријателски расположени, велат тие во изјава за МИА.

Нивната посета на земјава ги вклучила Скопје, Охрид, Маврово и Тиквешијата како срцето на лозаровинарството.

За Винскиот музеј дознавме преку интернет и решивме да го посетиме. Самите си ги организираме посетите. Всушност и ние не планиравме да останеме толку долго овде. Првично мислевме на ден или два, ама многу ни се допадна, па решивме да останеме повеќе од предвиденото. Така отпадна првичниот план, по неколку дена од одморот да поминеме и во Албанија и Хрватска, на море, велат тие.

Тие откриваат дека им се допаднало македонското вино, нагласувајќи дека за овој период од годината најмногу им одговара белото и розе вино.

Нивни домаќин во Винскиот музеј беше музејскиот работник Зоран Станоев – Дејзи кој им раскажуваше за историјата, традицијата и културата на лозаровинарството во Тиквешијата како најголем лозаровинарски регион.

Нивните деца внимателно слушаа за тоа како некогаш се обработувала земјата, како се раѓа грозјето, кои производи може да се добијат од гроздовите зрна. Тие како да сакаа сликите од овој годишен одмор трајно да се врежат во нивните спомени и со задоволство да се сеќаваат на нив, дури и кога ќе пораснат. За да можат да раскажуваат.

Неколку причини поради кои копнееме за благо по оброците

Завршивте со јадење но оброкот ви изгледа непотполн доколку не изедете нешто благо, не сте сигурни како и зошто но знаете дека морате внесете каков било десерт во организмот.

Уживате во благото, му се радувате, но во исто време имате чувство на вина бидејќи знаете дека внесувањето на премногу шеќер не е добро за вашиот организам.

Кога ќе се метаболизира шеќерот, тој ги активира центрите за надградба во нашиот мозок, ослободувајќи опијати и допамин, пружајќи нѝ задоволство, помагајќи му на нашиот мозок да биде мотивиран за повторување на истата навика. Ова е вграден механизам на преживување којшто нѝ помага да го одбереме благото отколку горкото, што во многу случаи во дивината означувало „сигурно“ во однос на „токсичното“. Желбата за благо по оброкот може да биде предизвикана од различни причини.

Навика

Нашиот мозок е програмиран да биде „автопилот“ што е можно повеќе за да се спречи непотребниот напор. Делот од мозокот којшто е одговорен за донесување одлуки и сложено размислување е префронталниот кортекс, а делот од мозокот одговорен за навики се базалните ганглии.

Во случај кога во текот на денот, нашиот префронтален кортекс е преоптоварен со типичниот исцрпувачки начин на живот, базалните ганглии ја „преземаат власта“, а ние се потпираме на своите навики со цел да се одмориме од донесувањето одлуки. Доколку знаете дека имате десерти во домот или на работното место, вашите базални ганглии можат многу лесно да ве поттикнат на нивно консумирање.

Не јадете доволно

Вашиот хормон на гладот, грелин, ќе ви сигнализира кога немате внесено доволно храна во организмот. Кога вашиот грелин не е потиснат од хормонот на ситоста, благите и храната богата со калории по вечерата стануваат многу попривлечни, особено доколку прекумерна телесна тежина.

Јадете премногу брзо

Кога ќе го завршите оброкот во рок од неколку минути, во истиот момент го ограничувате сопственото уживање во храната. Исто така ќе се чувствувате погладни по десетминутниот оброк отколку кога истиот оброк ќе го завршите за 30 минути.

Јадете премногу јаглехидрати

Едноставните јаглехидрати и оние со висок гликемиски индекс брзо се варат во организмот и нагло го зголемуваат шеќерот во крвта, предизвикувајќи панкреасот да испумпа инсулин, што на крајот предизвикува пад на шеќерот во крвта.

Едноставните јаглехидрати ја вклучуваат храната базирана на бело брашно, печива, десерти, благи, сокови. Некои луѓе се особено чувствителни на овие промени на шеќерот во крвта, поради што може да се појави чувство на слабост, мачнина, замор и треперење. Тоа пак го поттикнува човекот да трага за засладена храна, којашто ќе му помогне веднаш да се чувствува „подобро“.

Софија Лорен го прослави својот 90-ти роденден: Нејзиниот изглед ги воодушеви сите

Актерката Софија Лорен пред пет дена го прослави својот 90-ти роденден. На социјалните мрежи кружат видеа од прославата која била спектакуларна.

Додека гостите ракоплескаа, актерката седеше и гледаше воодушевено кога пристигна раскошната торта на повеќе нивоа.

За оваа пригода актерката избра дводелен бел костим со сребрени детали.

Луѓето родени во овие хороскопски знаци најтешко се справуваат со поразот

Лав

Тој е владетелот на хороскопот. Тој е оној којшто блеска, којшто сите го гледаат, чијашто грива се вее на ветерот додека чекори како целиот свет да му припаѓа нему. Меѓутоа што се случува кога кралот ќе остане без круната? Кога нема да добие аплауз или кога проектот на којшто работел не успее? Во тој момент настанува драма којашто „заслужува“ да добие Оскар.

Лавовите имаат потреба од восхитување и признанија. Кога нешто не се одвива според нивниот план, нивното его претрпува сериозен удар. Не само што тие долго време ќе анализираат што можеле да направат подобро, туку и ќе плачат во тајност, што за еден лав претставува катастрофа, но секако тоа нема да го покажат јавно. Наместо тоа, тие ќе се повлечат во својата „кралска пештера“ собирајќи сила за големото враќање.

Рак

Неуспехот за раковите е исто како ладен туш во зима. Со оглед на тоа дека се исклучително чувствителни, секој пораз го доживуваат како личен напад врз нивната душа. Тие не го гледаат неуспехот како дел од процесот на учење, туку како нешто коешто можеле да го избегнат доколку го слушале својот внатрешен глас.

Кога раковите ќе доживеат неуспех, тие ќе се повлечат во својот „оклоп“ исто како школките на дното од океанот. Со часови, а можеби и со денови, ќе размислуваат за поразот, а кога ќе ги прашате како си, ќе одговорат со вообичаените зборови: „Добро сум“, додека во нивните очи ќе биде забележлива тагата.

Популарно