Не се умира од земјотрес, се умира од мајсторите што не знаат плоча да шалуваат

Нов земјотрес доцна вчера ги вознемири скопјани.

Вчера во 21:46 часот беше регистриран земјотрес со јачина од 2.9 степени по Рихтеровата скала, на околу 24 километри источно од Скопје и 14 километри источно од Студеничани. 

Ова е веќе втор потрес за неколу дена во главниот град и околината. Граѓаните стравуваат, но и се шегуваат на социјалните мрежи за потенцијалната опасност од нови посилни земјотреси.

Еве дел од нивните реакции: 

Со години добивал по 200 евра месечно за да не врши контрола: вработен во Национални шуми осомничен за примање поткуп

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување на истражна постапка за продолжено кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик против службено лице – самостоен референт во ЈП „Национални шуми“ ПШС Беласица – Струмица.

Во периодот од септември 2020 до ноември 2024 година, осомничениот директно барал подарок во паричен износ од неколку лица со цел да не изврши контроли кои морал да ги изврши. Со тоа на лицата им овозможувал да добиваат дозволи за селска сеча по повеќе пати и дрвната маса да ја продаваат на трети лица. За тоа од нив барал и добивал поткуп од по 200 евра месечно. Бил затекнат како прима поткуп од едно од лицата, кое по претходен телефонски договор требало да му исплати пари за да врши селска сеча на планината Огражден.

По предлог на јавниот обвинител судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струмица на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена. 

Обвинителството веднаш да истражи каде завршиле над 200 илјади евра од Детска клиника, бара ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и ДУИ на власт, институциите и државните ресурси ги гледаа само како место од каде ќе испумпаат државни пари во нивни приватни џебови. Недомаќинското работење со институциите на системот од страна на СДС и ДУИ секојдневно излегува на површина“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа го потврдуваат и релевантните институции, како Државниот завод за ревизија. Таков е и примерот со Извештајот за работата на Клиниката за детски болести за 2022 година.

Во него може да се види дека вредноста на материјалните средства, од материјалната евиденција на Клиниката е за 13.9 милиони денари помала од вредноста искажана во сметководствената евиденција, а на крајот на годината била помал за 12 милиони денари.

Се поставува прашањето, зошто се јавува толкава разлика во материјалната евиденција во споредба со сметководствената?

Ова отвора сомнежи и индиции за сторен криминал во вредност од над 200 илјади евра.

Дали над 200 илјади евра, место за инвестиции во клиниката и третман на нај чувствителната категорија граѓани, децата, завршиле во приватни џебови?

Ова е состојба само во една здравствена установа и тоа само за една календарска година, а кој знае што правеле СДС и ДУИ во останатите установи во текот на нивното седум годишно владеење.

За ваквото недомаќинско и криминално управување со државните институции мора да има одговорност.

Го повикуваме Јавното обвинителство да не чека, веднаш да постапи по наводите во Извештајот на ДЗР и да испита каде завршиле над 200 илјади евра од детска клиника“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. 

На Македонија и фалат најмалку 1000 доктори

Најмалку 1000 лекари недостасуваат во македонското здравство посочува во разговор за Гласот на Америка ресорниот министер Арбен Таравари. Министерот најавува вработување на 600 приватни специјализанти, како и изнаоѓање решение и за 1.200 здравствени работници ангажирани со договор на дело.

„Минимум 1000 лекари ѝ се потребни на Македонија итно и неодложно, барем до крајот на наредната година“, вели министерот за здравство Арбен Таравари во изјава за Глас на Америка.

Таравари нагласува дека за надминување на оваа состојба било донесенo и владино решение за вработување на 600 приватни специјализанти. Триста од нив дo крајот на оваа година, и уште триста наредната година.

Кои се потенцијални кандидати да избегаат од државата. Се надевам дека ќе изнајдеме решение идната година освен 300 специјализанти, да вработиме околу 300-400 доктори, со што ќе имаме некаква одржливост на болниците особено во внатрешноста на државата“, вели Таравари.

Таравари очекува до крајот на годината да се реши статусот и на уште 1200 други здравствени работници, од кои некои и по 10 години години работат со договор на дело. Со тоа вели дека ќе се направи голема работа за здравствениот систем. На годишно ниво, според лекарската фела си заминуваат околу 250 лекари, но и друг медицински персонал.

На прашањето дали со мерките кои ги најавуваат ќе спречат понатамошен одлив на медицински кадар, Таравари вели дека има уште многу работа.

„Да речам дека 100 отсто ќе спречиме е невозможно. Мора да изнајдеме начин со кој што ќе ги задржиме нашите професионалци, зборувам за здравство. Еден од начините е со премиерот и со синдикатите во здравството разговараме, е да изнајдеме решение кое би било одржливо, и задоволувачки за нив, за да останат во државата поголемиот дел од нив“, посочува Таравари.

Популарно