Тажни вести од ЗОО Скопје: Се простуваме со 16-годишниот Жика

Од Скопската зоолошка информираат дека денеска на 16 годишна возраст починал лавот Жика.

„Со големо жалење и тага ве информираме дека денеска на 16годишна возраст не напушти нашиот лав Жика, кој во Скопје беше дојден од зоолошката во Белград. Лавовите во природа живеат од 10 до 14 години, а нашиот Жика имаше 16“, велат од таму.

Тие додаваат дека лавот Жика со оглед на длабоката старост, изминатата година почнал да развива тумороидни израстоци на повеќе места на телото, за кои што во февруари со целосен тим на професори и ветеринари од Факултетот за ветеринарна медицина беа извршени хируршки интеревенции и истите беа отстранети, но изминатите два дена состојбата се влоши и веднаш било реагирано од страна на тимот на ЗОО Скопје, заедно со тимот на ветеринари од Факултетот за ветеринарна медицина.

„Сите заедно направивме се што можевме, лавот примаше терапија, но за жал не издржа. Секогаш грациозен, со својата величенствена грива го привлекуваше вниманието на сите посетители. Го сакаа и децата и возрасните, а најмногу вработените. Ова е голема загуба за сите нас“, додаваат од Скопје ЗОО.

ФОТО: Радост во скопската ЗОО - се родија бебиња пингвини

Од Зоолошката градина Скопје денеска објавија дека „Новата година во Скопје ЗОО ќе ја започнеме со две бебиња пингвини“.

„Нашиот пар Џонатан и Лила се родители на две мали пингвинчиња кои се испилија на 23-ти и 26-ти ноември.

Пингвините несат по најмногу две јајца, а најчесто преживува само едно, но во Скопје ЗОО со сета грижа успешно се справуваме со овој предизвик веќе трета сезона и ова е трета година како што имаме бебиња, што е голема реткост во поголемиот број зоолошки, но и во природата. Да ни се живи и здрави“, велат тие во објавата.

Најстарата дива птица во светот на 74 години си најде партнер

Во 1956 година, научниците од американското Национална служба за диви животни на Мидвеј Атол - остров во Тихиот Океан којшто служи како живеалиште за птици албатроси, забележале женка како се гнезди во таа област. Потоа ѝ ставиле ознака на ногата за да ја следат. Овој вид почнува да се размножува на возраст од околу пет години, па научниците претпоставиле дека таа птица е родена околу 1950 година. Ја нарекле Виздом (Мудрост).

Според научните проценки, таа единка сега има 74 години и се смета за најстарата дива птица во светот. Досега извела дури 60 јајца, а последниве четири години, Виздом мистериозно останала и без својот долгогодишен партнер, па и не несела јајца.

Но, оваа година, набљудувачите открија дека Виздом нашла нов партнер.

„Таа повторно го направи тоа. Најстарата позната дива птица во светот, Виздом има нов партнер и само што снесе уште едно јајце“, соопшти американската служба.

Атолот Мидвеј се наоѓа северозападно од Хаваите, и е дом и засолниште на илјадници морски птици коишто тука доаѓаат да ги снесат своите јајца. Благодарение на проектите за заштита, оваа област нуди безбедно засолниште за Виздом и многу други птици како неа.

ФОТО: Кафеава мечка се појави во с. Петралица, Ранковце

Здружението на ловци Славишко Поле известува дека во близина на селото се движи кафеава мечка, вид кој е строго заштитен со закон.

„Почитувани ловци, ценети жители на Општина Ранковце, во село Петралица се појави кафеава мечка! Ве информираме дека со закон е СТРОГО ЗАШТИТЕН вид на дивеч, трајно забранет за застрел! Ова е тревопасно животно и ви апелираме да не ја предизвикувате со било какви дејствија, таа сама ќе се повлече во шумските предели на нашите ловишта! Застрел на мечка е кривично дело за кое е предвидена казна затвор, а според казнениот ценовник од законот за дивечот и ловството, казната е 5000 евра“, стои во соопштението на здружението.

Популарно