Бомба пред малку експлодираше во Ќерамидница, едно лице е пренесено во болница

Експлозивна направа утрово експлодирала во скопската населба Ќерамидница.

Информацијата ја потврдиja и од МВР.

- Денеска (14.11.2024) во 09.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во дворно место во населба Керамидница во Скопје била фрлена експлозивна направа. Од експлозијата со повреди се здобил Р.Т., кој е пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување на помош, појаснуваат од МВР. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Ја продал нивата за да се прошират гробиштата, сега му ја враќаат со 150 закопани

Пред 17 години, Славиша Јовановиќ од околината на Ниш ја продал својата нива на општината за да се прошират гробиштата. Бидејќи парите не биле уплатени во целост, тој ја тужел општината. По десет години постапка, судството наместо пари му ја враќа нивата но со телата на 150 закопани. Во проблем се нашло и самото село бидејќи „новиот сопственик“ на гробиштата не е овластен да организира погреби.

„Едноставно не можам да го поднесам ова. Се ми е толку непријатно што не можам да спијам навечер“, кажал Славиша Јовановиќ за n1.

Претседателот на Советот на судот, Жарко Рајковиќ, навел дека градот не ја исплатил целата сума, па „затоа настанал проблемот“.

Тој вели дека очекува Владата да ја купи оваа парцела и покрај судската пресуда, бидејќи е невозможно да се врати во првобитната состојба.

Апелациониот суд всушност одлучил да укине две пресуди на Основниот суд во Ниш со кои е одлучено да му се исплати остатокот од парите, а местото да остане гробишта. Наместо тоа, Јовановиќ вели дека платил 180.000 динари (1.538 евра) за Апелациониот суд „да му го врати тоа што е негово“.

Претседателот вели, работат на решение а сопственикот на 150 гробови дека ќе почека до крајот на месецот.

Бројот на настрадани во поплавите во Шпанија се искачи на 224, најмногу жртви во Валенсија

Бројот на жртвите во поплавите во Шпанија се искачи на 224, а 16 лица се уште се водат како исчезнати, се наведува на веб-страницата на шпанската Влада.

Како што се додава, 216 лица загинале во Валенсија, седум во Кастиља Ла Манча и едно во Андалузија, пренесува Ефе.

Владата наведува дека е извршена обдукција на сите жртви, а 197 тела се предадени на нивните семејства.

Повеќе од 100 од 216 смртни случаи регистрирани досега во Валенсија биле на возраст над 70 години, а девет биле малолетни, според официјалниот извештај на Центарот за интеграција на податоци објавени од страна на Врховниот суд во Валенсија.

Од вкупниот број починати, 131 се мажи, а 85 се жени, 190 се од шпанска националност, а 26 се од 11 други земји.

Невремето во Шпанија започна на крајот на октомври, проследено со големи поплави, кои најтешко го погодија регионот на Валенсија.

Граѓаните да ги заменат возачките со старо уставно име заклучно со Нова година апелира Тошковски

Ставена е во функција нова машина, со што се зголемува капацитетот за издавање на возачки дозволи или лични карти, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и упати уште еден повик до македонските граѓани да ги заменат возачките коишто се со старо уставно име заклучно со Нова година. 

Тошковски, во гостувањето во дневникот на Сител, посочи дека има околу 200 илајди возчаки дозволи кои останува да бидат променети, кои со моменталниот капацитет може да биде направено за не повеќе од 20 дена.

-Значи за 20 дена можеме да ги испринтаме, да ги исперсонализираме сите возачки дозволи коишто се потребни, ги имаме обезбедено обрасците од претходно кога немаше обрасци. Повеќе нема чекање за граѓаните да можат да пристапат до просториите за да се фотографираат и да ја завршат таа работа, изјави Тошковски, во интервју за Сител. 

Тошковски, исто така, посочи дека доколку им се важечки истото не е на нивни трошок во делот на трошокот којшто се исплаќа спрема државата во делот на производство на возачката дозвола.

Популарно