Твитер профилот Fich of Brayan покажа колку е навистина загаден воздухот во Скопје.
Од она што може да се забележи од видеото постирано на неговиот профил се гледа како мерачот за воздух кој покажува 25 пм честитки на загаденост во внатрешните простории на неговиот дом што се смета дека е нормално, веднаш ќе рипне до фантастични 411 пм честитки штом излезе на балконот и е индикатор на екстремна загаденост.
Инаку Скопје и утрово се најде на шестото место по загаденост на воздухот во светот со индекс на загадување од 155, според последните податоците на платформата „Ај-Кју-Ер“.На листата Скопје се најде по Делхи во Индија, Лахоре во Пакистан, Каиро Египет, Сараево во БиХ и Карачи во Пакистан.