Дебата за загадувањето: Битката за чист воздух бара инвестиции, години работа, жртви за да може да се видат резултатите

Институциите си ја префрлаат одговорноста за справување со загадувањето на воздухот во Скопје, недостига и комуникација меѓу државата, општините и граѓаните, смета Јане Димески, екоактивист и советник од „Шанса за Центар“ во Општина Центар.

Во емисијата „Вин-Вин“ на ТВ Телма вечерва тој рече дека трета година не добиваат пари од Општина Центар да се спроведе попис на што се греат домаќинствата во оваа општина. 

„Недостасува комуникација меѓу државата, општините и граѓаните. Нас особено нè иритираше периодов префрлањето одговорност. Секој во оваа приказна има што да сработи. Кога видовме колку општините во Скопје имаат сопствени објекти коишто им се на нафта, а потоа кога ќе ги прашаат што правите за загадувањето, велат – тоа градот, а градот вели – министерството. А, всушност, секој има што да прави. Jа туркаме трета година активноста за попис на домаќинствата на што се греат во општина Центар. Тој попис трета година ни стои во програмата за животна средина, а општината не сака да даде пари да се спроведе тој попис“, рече Димески. 

Даме Димитровски, советник на премиерот за животна средина и клима, рече дека се потребни десет години работа, проекти и инвестиции и дека сега ќе имало исчекори во битката со аерозагадувањето ако таа почнела  пред една деценија.

„И претходните влади зборувале, но потребно е 10 години работење, проекти, вложување, инвестиции и жртва на други места за да може да ја работиме оваа зелена агенда или да работиме на квалитетот на воздухот. Не е дека сме специфичен случај во светот. Лондон својата битка ја води 100 години и се гордее што ја води толку долго, Пекинг пред 10 години ја започна својата битка и го намали загадувањето за 35 проценти, притоа вложи огромни средства, ги вклучи сите системи во државата, да не зборувам за Лос Анџелес, за Мексико Сити, за Њу Делхи. Јас сум сигурен дека ако пред 10 години сме ја започнале оваа битка, сега ќе се наоѓавме на трети или четврти чекор од оваа битка. Сега сме на почеток, но се надевам дека ќе видиме сега посветеност и работа и во иднина ќе видиме резултати“, рече Димитровски. 

Додаде дека многу од загадувачите наоѓаат оправдание затоа што системот во моментот е така поставен и комплициран. Посочи истражувања кои укажуваат дека најголем загадувач е согорувањето на цврсти горива во домаќинствата.

Според Димитровски, невладините и јавноста треба да ги искористат своите механизми за да можат да направат притисок да го добијат правото за чиста здрава средина и чист воздух. 

„Да идентификуваме кој вистински загадува и да ја најдеме својата улога и да дадеме свој придонес. Во изминатите години се направени многу студии и од каде доаѓа загадувањето, односно од каде доаѓаат ПМ-честичките. Од истражувањата УНДП, Светска банка, Финската студија укажуваат дека најголем загадувач е согорувањето на цврсти горива во домаќинствата. И тоа е големиот слон во оваа стакларница со кој треба да се бориме“, рече Димитровски.

Полицијата во Хрватска уапси тројца македонски државјани - се „сотреле“ од крадење, упаднале во 16 станови во Риека

Хрватската полиција од Риека уапси тројца државјани на Македонија на возраст од 37, 42 и 50 години кои извршиле вкупно 16 кражби од кои едно е во обид.

Според резултатите од истрагата, осомничените во периодот од март до крајот на септември минатата година упаднале во 16 станови во Риека. Од становите украле накит, пари и други вредни предмети, при што на хрватските државјани им нанеле штета од најмалку 97 илјади евра.

Во увидот пронајдени се дел од украдените предмети и специјален алат за кражба што се користел при извршувањето на делата. Покрај кражбите во Риека, истражителите откриле дека осомничените во август извршиле две слични кривични дела во Макарска, додека во октомври извршиле кражби и во областа на Загреб, каде на крајот биле уапсени од полициски службеници од полициската управа во Загреб.

По завршување на обработката, тројцата осомничени со кривична пријава се предадени на надзорникот на притворот и ќе одговараат пред надлежното државно правобранителство.

Угостителите тријат раце, услугите им се поскапи за 6 отсто, ноќевањата се зголемени за фантастични 23 проценти

Цените на угостителските услуги никако да сопрат. Во период од една година забележано е поскапување од 6.1 процент пишува порталот Пари.

Најголемо поскапување има кај ноќевањата но исто така по нагорна линија се движеле и цените на храната и на пијалаците во периодот декември 2023 - декември 2024 година.

На месечна основа, од ноември до декември индексот на цените на угостителските услуги е зголемен за 0,6 насто, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика.

Исто така, се посочува дека кумулативниот индекс на цените за услугите од овој вид, во ланските 12 месеци е зголемен за 5,6 проценти споредено со состојбата од 2023 година. А, пак, во однос на декември 2023 е регистриран раст од 3,5 насто.

Од ноември до декември цените на храната застапена во угостителската понуда нараснале за 0,3, а годишната промена е измерена со 1,6 проценти. Најмногу поскапеле варивата – за 4,5 насто (месечно 0,1%), салатите за 5 (за еден месец 1,4%) лебот, чија цена на месечно ниво е повисока за 0,2, а на годишно за 5,4 проценти.

Алкохолните за еден месец поскапеле 0,8, а за една година 4,5 насто. За истиот месечен процент се повисоки цените и на безалкохолните пијалаци, со таа разлика што на годишно ниво се зголемени за 6,3 насто.

Во текот на декември цените на ноќевањата добиле дополнителни 1,3 проценти. Затоа, пак, за една година се поскапи за 22,8 насто.

Популарно