Вработување во СЕТЕК, Алма-М и b watch 1920!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

СЕТЕК сé од техника е лидер во областа на ИТ, аудио видео и белата техника, кој на македонскиот пазар е присутен 30 години.

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО ШТИП
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО СКОПЈЕ

Алма-М е силна и современо организирана дистрибутивна компанија со над 30 години искуство, со силен логистички капацитет, технолошка поддршка, богат асортиман и национално и регионално присуство.

Моментално вработува:

УНАПРЕДУВАЧ НА ПРОДАЖБА (АРАНЖЕР НА РОБА) - СКОПЈЕ
УНАПРЕДУВАЧ НА ПРОДАЖБА (АРАНЖЕР НА РОБА) – БИТОЛА
ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ЗА ПРОДАЖБА
ДОСТАВУВАЧ СО Б И Ц КАТЕГОРИЈА
МАГАЦИОНЕР

Стокомак е ланец на дисконти продавници кој работи по концептот хард-дисконт.

Сите огласи од Стокомак можете да ги најдете ТУКА.

Нептун е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа на производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/Аудио/Видео, компјутери, телефони, фото апарати и камери, производи за нега и убавина, ладење и греење, во Македонијa.

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ ЗА КОНТРОЛА НА ЗАЛИХИ И ОСНОВНИ СРЕДСТВА
ПЕРСОНАЛ ЗА КАСА И КРЕДИТИРАЊЕ
РЕФЕРЕНТ ЗА ГРИЖА НА КОРИСНИЦИ
АДМИНИСТРАТОР ЗА ЛОЈАЛНОСТ И ФИНАНСИРАЊЕ

ВДЛ Ван Хоол Македонија е дел од холандската Групација ВДЛ. Компанијата дојде во земјава во 2012 година кога ја изгради и фабриката во Технолошко индустриската развојна зона Скопје2 во Бунарџик, со што ја врати традицијата на автобуската индустрија во земјата.

Сите огласи од Ван Хоол Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Пивара Скопје АД е една од водечките компании во Македонија, заедничко вложување помеѓу Coca-Cola HBC и Heineken.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ - ДИСТРИБУТЕР

b watch 1920 е компанија специјализирана за продажба на меѓународни брендови часовници и накит. Компанијата постои уште од 1928 година, со повеќе салони низ земјата и онлајн продавница.

Моментално вработува:

AСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА – СКОПЈЕ

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

Жито Маркети располага со над 70 маркети распространети низ цела територија на нашата држава.

Сите огласи од Жито Маркети можете да ги најдете ТУКА.

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Вкусни палачинки од компир: Рецепт за крцкаво уживање за сите сетила

Станува збор за стар рецепт којшто модерно го нарекуваме палачинки од компир. Важно е да е мек однатре и крцкав однадвор.

Овие традиционални палачинки од компири се многу барани како појадок, но можат да се подготват и како прилог за ручек или пак да се послужат со павлака и мајонез со зачини – како лесна вечера.

Едноставно и брзо се прават од само неколку состојки, а единствената напомена која би можела да се издвои е дека компирот испушта многу течност, па доколку процените дека е потребно да искористите повеќе брашно, слободно направете го тоа.

Состојки:

- 4 големи компири;

- 1 кромид;

- 1 јајце, изматено;

- 1 лажица сол;

- Мелен црн бибер по вкус;

- 2 лажици повеќенаменско брашно или повеќе по потреба;

- 1 шолја масло за пржење по потреба.

Подготовка:

Компирот и кромидот изрендајте ги во голема чинија. Исцедете ја вишокот течност.

Измешајте ги јајцата, солта и биберот. Додадете доволно брашно смесата да стане густа, од две до четири лажици, па измешајте.

Загрејте масло во тава, па во врелото масло ставете половина црпалка тесто и израмнете, па така направете палачинки со околу 1 сантиметар дебелина.

Пржете, свртете на другата страна, сè додека палачинките не заруменат.

Ставете ги палачинките на чинија обложена со хартија, а потоа сервирајте го јадењето.

Хипоталамусот – центарот за апетит во мозокот, е поголем кај луѓето со вишок килограми

Научниците од Универзитетот Кембриџ открија дека хипоталамусот, клучната област во мозокот што делува како центар за контрола на апетитот, е значително поголем кај луѓето со прекумерна тежина и оти нездравата исхрана може да предизвика воспаление во овој дел на мозокот, што води до структурни промени.

Научните испитувања биле спроведени врз 1.351 млад човек со различна тежина. Тие воспаленија, велат научниците, може „да ги наруши природните механизми одговорни за одржување стабилна телесна тежина“, што им отежнува на лицата со вишок килограми да го контролираат гладот ​​и исхраната, пишува британски „Тајмс“.

Наодите говорат дека вкупниот волумен на хипоталамичната структура во мозокот е значително поголем кај луѓето со прекумерна телесна маса.

Популарно