Северина до свештеникот: “Имав само добар с..., што ина тебе ти посакувам“

Пејачката Северина Вучковиќ неодамна ги повика следбениците на Инстаграм да потпишат петиција за право на абортус.

Реакциите се разни, а една реакција има потпишана од хрвтаски свештеник кој вели: „Жената со скандали. Само што се опорави од јахтата, повторно е тука“.

Северина одговори на неговиот коментар на Инстаграм.

„Драга, твојот статус ми звучи како мојата глава да ми ја отсекол моторот на јахтата, па повторно ја сошиле во најдобрата клиника за враќање на главата на телото кога ја пресекол мотор на брод, а јас восуштина таму имав добар секс, што и тебе ти го посакувам, можеш и ти со личност од спротивниот пол.

Инаку, Северина во оваа иницијатива ја поддржа Јелена Розга, за која многумина веруваа дека не е во добри односи со Северина. На Розга и се допадна објавата на Северина во која пејачката ја кани да се потпише на петицијата.

Построги казни за пиење алкохол на јавно место на Мајорка и Ибица

Туристите во делови на островите Мајорка и Ибица ќе се соочат со високи казни за пиење алкохол на улица, откако властите на Балеарските Острови на Шпанија ги заострија законите, инаку првпат воведени во 2020 година.

Покрај забраната за алкохол на улица, новите правила им налагаат непродавање алкохол доцна навечер. Засилени се и контролите на платформите за забави. Имено, туристите може да бидат казнети со 750 - 1.500 евра доколку нивното пиење на јавно место „го нарушува соживотот или мирот“ во животната средина. За посериозен прекршок, има и казни од 1.500 до 3.000 евра.

Правилата се применуваат во три одморалишта на Мајорка - Лукмајор, Палма и Калвија, како и Сан Антонио на Ибица.

Забраната важи за една морска милја (1,85 км) од брегот за сите овие дестинации, а на бродовите за забава им е забрането да се приближуваат и им е забрането да земаат или оставаат патници во овие области. Исклучок каде што може да се пие на улица се терасите на баровите или рестораните, или другите области каде што тоа е дозволено со закон.

Продавниците кои нудат алкохол ќе мора да затворат меѓу 21:30 и 8:00 часот.  

ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места

Државната изборна комсија го поништи гласањето на 7 избирачки места. Ќе се се прегласува на 6 избирачки места во петтата изборна единициа и тоа на две избирачки места во Долнени, две во Крушево, едно во Струга и едно во Охрид.

Ќе се прегласува и на едно избирачко место во шестата изборна единица во општина Желино.

На сите овие избирачки места ДИК денеска ги разреши претседателите, замениците и членовите на избирачките одбори. Новото гласање ќе се организира во среда на 22 мај.

Седницата на ДИК следи откако вчера Управниот суд ги одби сите тужби поднесени од Европскиот фронт и ги потврди претходните решенија на комисија која утврди низа нерегуларности на сите 7 избирачки места. Ова според членовите на ДИК е доказ дека целиот процес е спроведен законски и покрај тоа што изминатиот период добиваа јавни навреди и закани за тужби токму од политички структури на Европскиот фронт. На денешната седница на ДИК не присустуваше единствено потпретседателката Шеху која доаѓа од редовите на ДУИ.

Прегласувањето во среда може да донесе и промени на освоените мандати. На пратеник повеќе во петтата изборна едница може да се надеваат од ВМРО-ДПМНЕ и ЛДП, а во шестата изборна единица еден мандат повеќе може да добие Коалицијата ВРЕДИ.

Популарно