Раскошната русокоса секој маж го остава без зборови, особено кога во бикини ќе ги открие своите најсилни атрибути...
Една од омилените русокоси во Америка, моделот Шарлот Мекини наскоро ќе се појави во филмот „Чувари на плажата“, а дотогаш обожавателите имаа прилика да ја видат на плажа во Малибу облечена во бикини кое едвај ги „скротило“ нејзините бујни гради.
22 – годишната русокоса изгледала како да сакала со кошулата да го сокрие своето впечатливо деколте, но за среќа на сите мажи, не успеала во тоа.
Кариерата на оваа раскошна русокоса започна пред две години кога се појави во рекламата за "Carl’s Jr“ кога сите ја нарекоа двојничката на Кејт Аптон.
Денес сите желно исчекуваат да ја видат во улога на чуварка на плажата. Според фотографиите од снимањето на плажа, дефинитивно нема да бидеме разочарани...