ФОТО: Ова се жртвите на зетот-убиец, Кавадарци завиен во црно

Полицијата го уапси 40-годишниот кавадарчанец  Тони С. кој со по еден истрел од пиштол им пресуди на дедото, бабата и тетката на своите деца.

10665393_4750444175691_97767198190097115_n

Во крвавиот пир во неделата од куршумите на Тони на самото место починаа родителите на неговата поранешна сопруга таткото Илија (61), мајката Билјана (56), а нивната 33 годишна ќерка Снежана почина во болница.

Масакрот го извршил во нивната куќа додека неговата поранешна сопруга не била дома, па не е познато дали имал намера да ја убие и неа или само родителите. Тој со по еден куршум во срцето ги застрелал Илија и Билјана, како и нивната помала ќерка Снежана (33), која била таму. Неофицијално, мајката загинала во обид да ја спаси ќерката од убиство. Нивните тела ги пронашла Данче, која повикала полиција. сите тројца имале влезно-излезни рани во близина на срцата

Тони е уапсен на гробиштата во Кавадарци откако беше организирана голема потера по тројниот убиец. Тој наводно ја чекал и сопругата да ја убие додека го погребувала родителите и сестрата.

По приведувањето, кај Тони е најден и пиштолот со кој е извршено убиството во кој имало 2 куршуми.  Тој не знаел дали преживеале неговите жртви и прашувал дали се мртви.

Тој и порано бил пријавуван за семејно насиство и според полицијата против него била поднесена кривична пријава за нанесување телесна повреда.

Сопругата Данче спас од насилниот сопруг побарала пред судските органи кога покренала бракоразводна постапка.

Судскиот процес завршил во петокот по што двојката и официјално се развела.

Неможејќи да се помири со разводот, два дена пооцна, во неделата Тони го изврши тројното убиство.

Тој и Данче се родители на две малолетни деца на возраст од 7 и 9 години.

Националниот ден на Власите - 23 Мај, неработен за припадници на влашката заедница

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека 23 мај 2024 година (четврток), Националниот ден на Власите, е неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница во Република Северна Македонија  согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07).

Министерството за труд и социјална политика, воедно, на граѓаните припадници на влашката заедница во Република Северна Македонија им го честита Националниот ден на Власите.

Касами: Добро оди целата процедура за договорање на следната влада

Претседателот на Движење Беса, Биљал Касами денеска од Тетово информира дека добро оди целата процедура за договорање на следната влада. Според него, се разговара за принципите на функционирање на следната влада, се усогласуваат програмите и слично.

Тој на настанот „Отворен ден“ во организација на средните училишта во Тетово изрази надеж дека преговорите како резултат ќе имаат влада која, како што рече, ќе биде компететна, со професионалци, која ќе биде со луѓе кои ќе работат за државата и за граѓаните без разлика на нивната етничка припадност.

-Ние сме свесни дека во една мултиетничка држава и општество како што е Македонија не можат сите министри да бидат Албанци и Македонци. Но што е важно било кој да биде во едно министерство треба да работи за сите граѓани без разлика на етничка и верска и друга припадност. Во оваа фаза имаме разбирање меѓу партнерите кои ја договараат следната Влада дека без разлика кој каде ќе седне на која фотеља, ќе треба да работи за сите граѓани. Ова е многу важно за нас затоа што во минатото иако имаше многу министерства кои беа предводено од Албанците,ниту тие министерства не работеа и доволно за Албанците и за другите и за Македонците и другите граѓани.Значи етничката припадност за нас не е најаважна за да ние го реализираме тоа што го имаме ветено, изјави Касами.

На прашањата дали е познато колку министерски места ќе се распределат меѓу партнерите, Касами потенцира дека кога ќе има краен договор ќе им го соопштат на јавноста.

-Тоа е дел од стратегијата за преговарање, ние може да бараме и пола Влада, може да ни се понуди и многу малку, но на крај ќе дојдеме до тоа што ќе биде најсоодветно за сите партнери во следната Влада. Што е најважно, во интерес на граѓаните, рече тој.

За изјавата на Али Ахмети дека прегласувањето во среда може да донесе меѓуетнички тензии, Касами со коментар оти тоа било во минатото.

-Секој си зборува со тоа што знае да го прави. Али Ахмети, така договарал во минатото и така постапувал во минатото. Али Ахмети знае како ги добил и овие мандати кои ги добил сега. Затоа е во паника. Ние едноставно кажуваме да им дадеме можност на граѓаните во среда да излезат и да гласаат. Ако тој е сигурен во тие гласови што ги добил, треба да биде мирен дека пак ќе ги добие. Ако знае дека ги добил на начин кој не е демократски, не е фер, не е слободна волја на граѓаните, затоа е во паника. Ние кажуваме дека треба да создадеме услови во среда и тие граѓани да излезат и да гласаат во слободна волја за да може да кажеме кој ќе биде нивен претставник во Собранието. Ние се надеваме дека ќе имаме добар резултат, изјави лидерот на Движењето Беса.

Касами соопшти дека нема да биде пратеник и ќе ја задржи градоначалничката функција. 

Тешко повреден велосипедист во сообраќајка на Средно Водно

На 19.05.2024 во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат на Средно Водно во Скопје, патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.М.(63) од Скопје, удрило во велосипед, управуван од Б.М.(36) од Нераште. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот Б.М., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Популарно