Католичките верници вечер слават Бадник, утре Божиќ

Римокатоличката црква и сите христијански цркви кои времето го сметаат по Грегоријанскиот календар денеска го слават Бадник, во пресрет на Божик, раѓањето на Исус Христос, пишува МИА.

katolicki-bozik

Според преданијата, Исус Христос е роден на 25 декември во Витлеемската пештера, па тој датум, со разликите во календарите, се почитува во целиот христијански свет. Бадник е еден од најголемите празници за христијаните. На 24 декември, во пресрет на Рождеството Христово, се почитуваат строгите пости.

Овие верници, традиционално, постите ги завршуваат со појавата на првата вечерна ѕвезда на небото, а потоа во храмовите во целиот свет започнува свечената рождествена литургија. За време на неа верниците се потсетуваат на старозаветните пророштва и настани поврзани со раѓањето на Спасителот.

По свечената литургија, доаѓа ред на празничната вечера. Стар обичај е да се сервираат посни јадења.

Трпезата има религиозен карактер и е многу свечена. Пред да се продолжи со јадењето, се чита извадок од Евангелието на Лука за Рождеството Христово. Ритуалот на трпезатата го води главата на семејството.

Насекаде распространет и познат е обичајот на трпезата да се остави празно столче. Ако некој дојде во домот на Бадник навечер, тој треба да биде прифатен како брат. Овој обичај е во знак на почит кон блиските и драги луѓе кои не можат да го чекаат Бадник со семејството.  За нив и за оние кои го напуштиле овој свет се оставаат прибор и чинија во која се става од се по малку. По завршувањето на вечерата, трпезата не се крева.

Во светот постои и традицијата под бела покривка да се става по малку сено. Со тоа, верниците се потсетуваат на витлеемската пештера и на Богородица, која го положила новородениот Христос во колевката од сено.

Заедно со католиците, овој празник го слават протестантите и Англиканската црква, како и некои православни цркви кои го прифатија Грегоријанскиот календар. Во секоја земја празникот си има свои традиции.

Во Шпанија овој ден се нарекува Ночебуена. Обично се одбележува во кругот на семејството на свечена вечера. Прифатено е да се даваат подароци на домашните. Во некои семејства во текот на ноќта на трпезата се канат осамени стари лица или сиромаси.

Во Германија на 24 декември во попладневните часови животот во повеќето градови замира. Во 22 часот, со ѕвонот на камбаните се објавува почетокот на божикната служба. По неа, доаѓа ред на обилната семејна трпеза.

Во Норвешка многу семејства на овој ден одат на црковната служба, која традиционално започнува во 15 часот. Многумина одат до гробовите на своите блиски и на нив положуваат цвеќе.

Свечената вечера е во тесен семеен круг. Во западните и северни делови на земјата се прават солени и варени на пареа јагнешки ребра со компири. Во источните делови на Норвешка е популарно свинското, додека во другите делови се подготвува риба. Некои семејства претпочитаат мисирка. По вечерата, пред да бидат отворени подароците, целото семејство се собира околу елката. Сите се фаќаат за раце околу неа и пеат песни. Потоа, повторно седат на трпезата, но овој пат на чај и божикни слатки.

Во Полска, кога ќе изгрее првата ѕвезда, целото семејство, празнично облечено се собира на трпезата. Се поздравуваат во име на празникот и си посакуваат се најдобро. На трпезата се послужуваат посни јадења и риба, меѓу кои и супа од зеленчук, печен крап, кнедли со зелка, печурки, компоти од овошје, слатки.

Во домот има украсена елка, а под него се ставени подароците за целото семејство. На трпезата се пеат божикни песни, а луѓето се сеќаваат на настаните во одминатата година.

Во Канада празнувањето на Раѓањето на Исусе започнува вечерта на 24 декември, наречена Christmas Eve. Возрасните, откако ги завршиле секојдневните обврски или се вратиле од црква, седнуваат на свечена трпеза.

Во Њуфаундленд и Лабрадор постои обичај во пресрет на Христовото Рождество во црквата да се продава риба фатена посебно за таа цел, а парите се даваат за добротворни цели.

Во Ванкувер во пресрет на Божик пламнуваат стотици илјади сијалички со кои се украсени домови, парковите и плоштадите.

Бадник е семеен празник и во Бразил. Традиционално децата и внуците се собираат во домот на родителите и се поздравуваат со посебниот Божикен поздрав. А самиот Божик, за разлика од Европејците, Бразилците го слават на улица со песни и танци.

Кучето кое беше злоставувано од сопственикот е на безбедно!

За случајот МВР поднесе пријава против 59-годишен жител на Крива Паланка со иницијали З.М., кој го влечел кучето врзано за своето возило. Малтретираното куче било фрлено во коритото на Крива Река, од каде било извлечено и згрижено.

Кучето од Крива Паланка кое било злоставувано од страна на сопственикот, донесено е во ЈП „Лајка“. Во моментов тоа е безбедно и ќе му биде обезбедена целосна нега и сѐ што е потребно за неговото опоравување, информираат од јавното претпријатие.

Оттаму додаваат дека благодарение на брзата реакција на граѓаните кои веднаш го пријавиле случајот, како и интервенцијата на пожарникарите кои го извлекле од провалијата, инспекторите и ветеринарните служби обезбедиле итна грижа и стабилизација.

-Овој настан е уште еден показател дека системот функционира кога институциите и граѓаните делуваат заедно – брзо, координирано и одговорно. Злоставувањето на животни не е изолиран чин – тоа е сериозен општествен проблем. Секое злоставување на животни мора да се пријави – веднаш и без исклучок. Само со гласна и одлучна реакција можеме да ги заштитиме најранливите и да спречиме насилството да се повтори, велат од ЈП „Лајка“.

Одговорноста, потенцираат, е заедничка – да изградиме средина во која и животните и луѓето живеат безбедно и достоинствено.

За случајот МВР поднесе пријава против 59-годишен жител на Крива Паланка со иницијали З.М., кој го влечел кучето врзано за своето возило. Малтретираното куче било фрлено во коритото на Крива Река, од каде било извлечено и згрижено. (МИА)

ЦУК: Активни три пожари на отворено, изминатото деноноќие имало вкупно 33

Под контрола е ставен пожарот во атар на село Нерав, место викано „Биљино“, општина Крива Паланка, каде опожарени се ниска вегетација и шума. Вториот пожар ставен под контрола е на територија на општина Кичево, во подрачјето на село Челопеци, а опожарена е нискостеблеста шума. 

Активни се три пожари на отворен простор од вкупно 33 регистрирани изминатото деноноќие на територија на државава, до осум часот утрово. Два се под контрола, а останатите се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од трите активни пожари, како што се наведува, два се на територија на општина Македонски Брод, а еден е во подрачјето на Сарај. Во Јасен гори мешана шума, а на територија на село Крапа опожарени се ниска вегетација и нискостеблеста шума. Пожарот на територија на општина Сарај е во регионот на село Радуша кон село Дворце. Таму гори ниска вегетација.

Под контрола е ставен пожарот во атар на село Нерав, место викано „Биљино“, општина Крива Паланка, каде опожарени се ниска вегетација и шума. Вториот пожар ставен под контрола е на територија на општина Кичево, во подрачјето на село Челопеци, а опожарена е нискостеблеста шума.

Во Македонија живеат најгневните луѓе во Европа

Македонските граѓани се едни од најгневните луѓе во Европа, кај кои гневот и револтот на дневна основа се далеку над европскиот просек.

Ова го покажуваат резултатите во најновиот извештај на „Галуп глобал емоушнс репорт“, во кој се опфатени 122 земји во периодот на 2021-та и првата половина на 2022 година, во кој македонските граѓани со високи 26 отсто на акумулиран гнев на дневна основа се веднаш зад Турција, каде што гневот е изразен високи 48 отсто.

Речиси во цела Европа гневот на дневна основа е под 25 отсто, но во Македонија тој е над оваа граница и ја позиционира земјава како водечка во делот на гневно и револтирано население на дневна основа.

Како по обичај, најмалку гневни се Финците, потоа следуваат Естонците, а по нив Холанѓаните и Португалците.

Популарно