Прва исповед на Титовиот лекар: Пред крајот бладаше, пееше на руски и сонуваше Кинези

Доктор Предраг Лалевиќ (87) хирург и анестезиолог кој во 16-те години како доктор на претседателот на СФРЈ Јосип Броз Тито бил на 106 патувања во странство, детално ги опишува последните четири месеци од животот на маршалот во болницата во Љубљана.

tito_660845S1

Се се случуваше во Клиничкиот центар во Љубљана, во неделата, 4 мај 1980 година. Анестезиологот и хирургот професор др. Предраг Лалевиќ – еден од специјалистите кој четири месеци грчевито се борел за животот на марашлот.

Во претпладневните часеви започна хемодијализата. Меѓутоа, после извесно време, дошло до крај на крвниот притисок кој не се поправувал, со што морала да биде прекината. Целиот персонал, лични доктори, најдобрите и најстручните медицински сестри кои го негувале претседателот, се собрале околу креветот.

Тито полека заминувал. Респраторот нормално работел, но ЕКГ апаратите запазувале промени кои укажувале на блискиот крај. Конечно, во 15:05 часот ЕКГ апаратот покажал рамна линија – знак дека срцето престанало да работи.

Во полна тишина покрај креветот поминавме уште 15-тина минути, а потоа го погледнав професорот Богдан Брецља – најстариот, кој за два дена требаше да наполни седумдесет и четири години – покажувајќи му ги апаратите кои и понатаму со звучни сигнали покажуваа дека работат, на што тој само климнал со главата.

Тоа беше знак дека треба да се исклучат. Го исклучив респираторот, ЕКГ мониторот, пејсмејкерот и електронската пумпа за вбризгување лекови во вената. Потоа ја напуштивме собата и започнавме да го составуваме завршниот извшетај за претседателското лекување и смртта.

Во изјавата стои, откако биле исклучени апаратите, Тито повремено сонувал Кинези и пеел на руски. А докоторот вели дека смртта на Тито ја доживеал како пораз, како и секој друг доктор.

Ова е само дел од изјавата на 87 годишниот специјалист, кој и ден денес наежувајќи се сеќава на оваа немила сцена.

Мицотакис: Без почитување на Договорот од Преспа, патот кон Европа ќе остане затворен

Патот до Европа ќе остане затворен, а меморандумите нема да се ратификуваат во Парламентот, доколку од другата страна нема целосно почитување на Договорот од Преспа, порача денеска грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Говорејќи пред граѓаните во грчкиот град Верија во северниот дел на Грција, Мицотакис се осврна и на односите со нашата земја, повторувајќи го ставот на Нова демократија за Договорот од Преспа и уште еднаш посочувајќи дека усогласувањето е неопходен услов како за европската перспектива, така и за ратификација на меморандумите за соработка.

- Би сакал од овде, од срцето на Македонија да сум целосно јасен. Нова демократија не го гласаше Договорот од Преспа и изразивме сериозни приговори кога се ратификуваше во грчкиот Парламент. Но, рековме со апсолутна искреност, никогаш не ве измамив, дека штом се изгласа овој Договор, практично не може да се смени и ќе бидеме принудени, и покрај проблемите што ги има, да го почитуваме. И ова го сторивме. Ако некои веруваат дека може од нивна страна да не го почитуваат Договорот, да знаат две работи: прво нивниот пат кон Европа ќе остане затворен и второ, меморандумите што треба да ги ратификуваме, нема да се ратификуваат, сè додека нема апсолутното усогласување. Апсолутно усогласување од новата Влада согласно она што го предвидува Договорот, рече Мицотакис, пренесе МИА. 

Видео: Полуматуранти од Црна Гора го запалија училиштето

Полуматуранти од Основното училиште во Доња Горица, Црна Гора, наводно го запалиле училиштето за време на матурската прослава.

На страницата на Инстаграм „Подгорички времеплов“ објавено е видео од пожарот, каде што е наведено дека пожарот бил предизвикан од факел.

„Полуматурантите со факел го прославија крајот на школувањето, а потоа го запалија училиштето во Доња Горица“, се наведува.

Премиерот Фицо е во свесна состојба

Премиерот на Словачка, Роберт Фицо, по неколкучасовната операција поради здобиените повреди во вчерашниот атентат, е во свесна состојба, објавија локалните медиуми.

Но, медиумите не наведуваат детали за здравствената состојба на Фицо, кој вчера беше застрелан во градот Хандалова додека се поздравуваше со насобраниот народ.

Напаѓачот е познатиот словачки писател Јурај Цинтула, кој тврди дека пукал во Фицо бидејќи не се согласувал со политиката на Владата.

Словачкиот премиер се здоби со повреди во градите и стомакот и со хеликоптер беше пренесен во болница, каде му беше извршена операција.

Популарно