ВИДЕО: 50.000 франци казна за Албанија за исвиркувањето на македонската химна

ФИФА испрати парична „честитка“ до Албанската федерација за пропусти за време на мечот во Скадар меѓу домашната репрезентација и Македонија во квалификациите за СП 2018.

Untitled

Куќата на фудбалот на западниот сосед ќе мора да плати 50.000 швајцарски франци, казна што е образложена со свирежи на македонската химна, за скандирање и истакнување на пораки со политичка содржина и конотација, за напад кон гостински навивачи на стадионот „Лоро Боричи“.

Албанија ја совлада Македонија со 2:1 во премиерниот меч од групата Г во мундијалските квалификации. Натпреварот во Скадар имаше два дела – почна на 5 септември, а заврши на 6. Беше прекинат во 77 минута при резултат 1:1 поради силно невреме и обилни врнежи од дожд.

Македонија со пресврт до ново Светско првенство!

Македонија одигра неверојатен натпревар и можеби го направи она што никој не го очекуваше. Во бараж-реваншот против Фарски Острови извојувавме голема победа од 34-26 и повторно ќе играме на еден голем ракометен собир.

Во перфектната атмосфера во СЦ „Борис Трајковски“ момците водени од Кирил Лазаров го оставија срцето на терен и со пресврт ја анулираа предноста на Фараните.

Жарко Пешевски беше перфектен од линијата за шест и имаше „осум од осум“, Филип Кузмановски даде седум гола, шест беа дело на Марко Митев, а пет на Мартин Серафимов. Иако голманите немаа свој ден, Митревски фати четири топки, но две во клучен момент од мечот. 

Македонија со убедлив пораз се враќа од Фарски Острови

Ракометарите на Македонија убедливо загубија на гостувањето кај Фарски Острови со 34-27 (18-14), во рамките на првиот дуел од бараж двомечот за пласман на Светското првенство. Нашите ракометари доста грешеа и немаа решение за полетната игра на Фараните кои пред полните трибини на малата сала „Холин а Халси“ дојдоа до круцијален триумф. Едно е сигурно, Македонија ќе има пеколно тешка задача да се избори за одржување на континуиетот на големите собири, бидејќи се враќа во Скопје со висока негатива. 

Најдобар наш поединец беше Филип Кузмановски кој даде осум гола, додека по пет имаа Марко Митев и Никола Костески, а Лазаревски запре на четирите од првиот дел. Македонските дефанзивци немаа решение за Елиас Елефсен а Скипаготи кој даде десет погодоци. Што се однесува до голманите, Митревски имаше шест одбрани, а исто толку комбинираа и Фараните.

После мечот Кирил Лазаров изјави дека не губат надеж до последниот свиреж во недела и ја побара поддршката од публиката.

Реваншот е закажан за внедела во Борис Трајковски од 19:00 

Лазаров ги избра конечните 16 за тешкиот дуел со Фарски Острови

Македонија вечерва ќе го одигра првиот натпревар од баражот за пласман на следното Светско првенство. Нашите најдобри ракометари гостуваат кај незгодните Фарани, а селекторот Кирил Лазаров го одреди составот со кој вечерва ќе се спротистави на Фарски Острови.

Лазаров избра 16 ракометари, меѓу кои се најдоа кружниот напаѓач на Вардар, Михаил Алваров, а деби ќе има и младиот  Дамјан Митев. Се разбира, тука се и искусните Кузмановски, Талески, Митревски, Пешевски,  а на трибините ќе останат Марко Стојковиќ, Валентин Карасманакис, Марко Кизиќ, Џонов и Карапалевски.

Натпреварот се игра вечерва во 20:00.

Популарно