Aнкета на „Павел Шатев“: Победа за Иванов и 62 пратеника за ВМРО-ДПМНЕ

Убедлива двојна победа на владејачката коалиција „За подобра Македонија" и Ѓорге Иванов предвидува институтот „Павел Шатев". Анкетата покажува дека ВМРО-ДПМНЕ на претстојните избори ќе освои апсолутно мнозинство, односно 62 пратеника, додека СДСМ 32.

pavel-satev

Ова го покажува телефонската анкета на 1450 испитаници спроведена од институтот „Павел Шатев“ во периодот помеѓу 15 и 17 Април. На прашањето „За која партија ќе го дадете вашиот глас на предвремените парламентарни избори закажани за 27 Април?", 27,9 отсто од испитаниците одговориле дека тоа ќе биде ВМРО-ДПМНЕ, 14,9 за СДСМ, 7,2 за ДУИ, 4,2 за ДПА, 1,8 отсто за ГРОМ.

„Павел Шатев“ предвидува 62 пратенички мандати за ВМРО-ДПМНЕ според моделот на D'Hondt, 32 за СДСМ, 16 за ДУИ, 9 за ДПА и 1 за ГРОМ. На прашањето во кој политичар имате најголема доверба, 28,7 отсто одговориле дека тоа е Никола Груевски, 6,9 отсто за Зоран Заев, 7,5 отсто за Али Ахмети, 4,5 отсто за Мендух Тачи, 1 отсто за Шекеринска.

Дури 40,9 отсто од испитаниците сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следните парламентарни избори, наспроти 13,8 отсто кои сметаат дека тоа ќе биде СДСМ.

ssatev (3)

На прашањето "Кого би го избрале за иден Премиер ако треба да се одлучите меѓу Никола Груевски и Зоран Заев?", дури 47,2 отсто од испитаниците се одлучиле за актуелниот премиер Никола Груевски, додека само 18,3 отсто за Зоран Заев.

Актуелниот претседател Ѓорге Иванов кој во првиот круг победи со над 120.000 гласови разлика има повеќе од двојна предност пред Стево Пендаровски. 32,6 отсто од испитаниците се изјасниле дека својот глас во вториот круг ќе го дадат за Иванов, додека 15,2 отсто за Пендаровски.

pavel-satev (2)

„Павел Шатев" напоменува дека сите резултати од анкетата подлежат на статистичка грешка од +/- 2,5 %. Анкетите на овј институт важат за едни од најверодостојните, заедно со оние на институтот „Димитрија Чуповски“ и ИПИС.

Коментари

Популарно