Анкета: ВМРО-ДПМНЕ со 63 пратеници, СДСМ со 31

На предвремените парламентрани избори закажани за в недела  ВМРО-ДПМНЕ би освоила 63 пратенички мандати, СДСМ 31, ДУИ 15, ДПА 10, а ГРОМ 1, покажува денеска објавениот распоред  на мандатите што го подготви Институтот „Димитрија Чуповски“ врз основа на резултати од спроведена телефонска анкета од 16 до 18 овој месец.

vmro-sdsm

Според 43,2 проценти од испитаниците, на претстојните избори ќе победи ВМРО-ДПМНЕ, за 12,3 проценти победник ќе биде СДСМ, а за 8,8 проценти и 4,3 проценти тоа се ДУИ, односно ДПА.  Одговор дека „не знаат“’ кој ќе победи  дале 29,7 проценти.

На прашањето за која партија би гласале на предвремените парламентарни избори  28,4 проценти одговориле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, 14 проценти за СДСМ, 7,1 процент за ДУИ, 4,5  проценти за ДПА, 1,9 проценти за ГРОМ. Одговор  дека нема да гласаат за ниту една партија дале 24,3 проценти од анкетираните, а 17,5 проценти дале одговор „не знам“.

На вториот круг од претседателските избори, што ќе се одржат заедно со парламентарните в недела,  33,8 проценти од испитаниците се изјасниле  дека ќе гласаат за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов, а 14,2 проценти за кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски. Со одговори „не знам“ и  „нема да гласам“ се изјасниле 25,3 проценти, односно 26,7 проценти.

На прашањето кој е политичарот во кого имате најголема доверба, 29,7 проценти  го навеле лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски,  по  кого следат лидерите на ДУИ Али Ахмети со 7,3  проценти, на СДСМ, Зоран Заев, со 6,5 проценти, на ДПА, Мендух Тачи, со 4,4 проценти.   Одговор „ниту еден“ и „не знам“ дале 24,3 проценти односно 19,7 проценти од испитаниците.

Институтот „Димитрија Чуповски“ ја спроведе телефонската анкета во периодот меѓу 16 и 18 овој месец на 1.500 испитаници, на ниво на целата територија на државата, со опфат на сите изборни единици. 

Коментари

Популарно