Жените кои се паметни имаат лош секс!!!

Во истражување во кое учествувале 165 жени на возраст од 45 до 75 години кои биле подложени на прегледи, па потоа пополнувале многу тестови. Се работи за жени во менопауза и постменопауза кои немаат гинеколошки и психолошки, како и психијатриски болести, сексуално се активни и не консумираат дроги или алкохол. Сите секако биле и на тест за интелигенција со кој им се одредил нивниот IQ.

jup_seks_szpital_kochanka_640

Кога ги споредиле резултатите, лекарите и научниците пронашле врска меѓу недостигот на уживање во сексот и нивото на интелигенцијата. Поточно, колку IQ бил повисок, толку нивото на задоволството во сексуалните односи било помало.

Тоа најново истражување кое стигнува од јужноамериканскиот континент, лесно може да се вклопи во многу веќе постоечки студии во Европа и Америка.

Во западните земји, на пример, просечниот животен век е сѐ подолг и во последните 30 години на истражувања и следење на животните, здравствените и сексуалните навики, се покажало дека големо мнозинство на жени ја дочекуваат зрелата и постарата возраст во доволно добро здравје, па поради тоа остануваат сексуално заинтересирани и активни. Некои од нив и до крајот на животот.

Коментари

Популарно