ФОТО: Фотографија од вселената: Ова е најтажната фотографија која сум ја направил

Германски астронаут ја фотографираше најголемата израелска офанзива во Газа од меѓународната вселенска станица.

BtPyQ3CCYAEk1S2

Тој фотографијата ја нарече како „најтажната фотографија досега“. Александар Герст, германски инженер и геофизичар фотографијата ја направи во моментот додека меѓународната вселенска станица се наоѓаше над палестинската територија.

-Од меѓународната вселенска станица може да се видат експлозии на ракети над Газа од Израел, напиша тој на неговата фејсбук страна доцна синоќа.

Астронаутот е на 57 ден од неговата мисија заедно со рускиот командант Максим Сурајев и американскиот инженер Рид Вајсман.

Најновата офанзива на Израел досега одзеде над 700 жртви, а според извештајот на Обединетите нации 80 проценти од нив се цивили.

Коментари

Популарно