Облачно време со обилни врнежи од дожд и грмежи

msi_-_storm_lrДенеска е четврток, 31 јули, 212-от ден во 2014 година. До крајот на годината остануваат уште 153 дена.

Денот трае 14 часа и 33 минути.

Во Скопје Сонцето изгрева во пет часот и 24 минути, а заоѓа во 19 часот и 55 минути.

Месечината изгрева во 9 часот и 41 минута, а заоѓа во 21 часот и 51 минута.

Временска прогноза

Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Пообилни врнежи се очекуваат во источните делови од земјата, каде локално е можно да наврнат и над 35л/м2.

Температурата ќе се движи од 21 до 32 степени.

Во Скопје променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи.

Температурата ќе биде до 21 степен.

Во петок под влијание на циклонска активност времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи.

Во сабота ќе биде претежно стабилно, а попладне ќе има услови само за изолирана појава на краткотраен дожд, особено во планинските подрачја.

Стабилно и многу топло ќе биде в недела и понеделник.

Коментари

Популарно