Видео: Audi RS 7 - не му треба возач

На F1 патеката Хокенхајм, Audi на јавноста и го претстави модифицираниот RS 7 кој без возач може да ја извозе патеката во време од 2 минути и 10 секунди притоа постигнувајчи максимална брзина од 240 км/ч.

kola

Дали автомобилските тркачи во иднина ќе бидат загрозен вид? Можеби не во целост но ако судиме по перформансите кои ги постигна Audi RS 7 на промотивните возења на патеката во Хокенхајм, уште сега можеме да заклучиме дека технологијата го научи тркачкиот занает речиси исто како и искусен пилот.

f7-2200x1200

Со максимална силина од 560 КС, технологијата вградена во Audi RS 7 веќе е подготвена еден груг да помине во време од 2 минути и 10 секунди што е на нивото на фабричките тест возачи. Системот од 3D камери, радари и сензори, собраните податоци ги пренесува до централната единица која е програмирана за постигнување на најдобри перформанси. Притоа се користи и модифицирана варијанта на GPS уредот со што се обезбедува милиметарска прецизност при совладувањето на свиоците.

Дочитајте ја статијата на autoinfo.mk

Коментари

Популарно