Што прави бебето веднаш штом се роди?

Шведски научници внимателно следеле 28 бебиња во првиот час откако биле родени се со цел да ги забележат нивните први реакции.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

0 минута: Бебето испушта лут крик за да ги активира белите дробови.

2 минута: После првиот плач, бебето се опушта и лежи на мајчините гради. Авторите на истражувањето претпоставуваат дека бебето мирува се со цел да се сокрие од евентуалните предатори. Инстикт.

2,5 минута: Бебето за прв пат ги отвора очите и започнува да ја поместува главата и устата.

8 минута: Бебето станува активно и ги држи очите отворени полни пет минути. Започнува да станува гладно и се свртува кон мајчините гради.

18 минута: Бебето задремува.

62 минута: Прво доење – бебето голта помали количини колострум, мајчините гради се стимулирани и започнуваат да произведуваат млеко.

70 минута: Бебето спие.

Извор: Think.mk

Коментари

Популарно