Ни дојде дождот

esen_dozdДенеска е сабота, 8 ноември, 312-от ден во 2014 година. До крајот на годината остануваат уште 53 дена.

Денот трае 10 часа и осум минути.

Сонцето во Скопје изгрева во шест часот и 13 минути, а заоѓа во 16 часот и 21 минута.

Месечината изгрева во 17 часот и 45 минути, а ќе зајде во седум часот и 33 минути.

Временска прогноза

Времето денеска претпладне во Македонија ќе биде со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во вечерните и ноќните часови, особено во јужните делови од земјава. Ќе дува умерен, на места повремено засилен југоисточен ветер.

Температурата ќе се движи од девет до 17 степени.

Во Скопје слично време, со температура до 14 степени.

Во недела ќе преовладува сончево време со умерена облачност, а по котлините претпладне ќе има слаба магла и ниска облачност. Температурата ќе се движи од 12 до 18 степени.

Коментари

Популарно