ВИДЕО: Приказна која ни дава надеж за правилно користење на модерната технологија!

Често се прашуваме со право дали ќе станеме робови на иновациите и  технолошките достигнувања, кои ни ги преземаат работните места...

kuce Сепак, постои и другата страна на паричката, позитивната страна на развиената технологија. За среќа, постојат приказни кај кои трката за профит не е најважната работа. Таква приказна е онаа за кучето Дерби, кое е родено со деформација на предните нозе. Изгледало како никогаш да не може да биде среќно и разиграно куче, дури и изворниот сопственик не може повеќе да се грижи за него. Кога слушнале 3D Systems за него, одлучиле да му подарат - нов живот. Тие му изработиле вештачки нозе, кои изгледаат поинаку од реалните, но се многу повеќе практични и сега Дерби може самостојно да трча. Погледнете го видеото како сето тоа изгледа, кое ќе ве натера да сфатите барем за момент дека не е се така црно во новата технологија.

Коментари

Популарно