Анален секс: Сакате да пробате? Ова мора да го знаете!

Аналниот секс за некои сеуште е табу, а за некои знак дека интимноста во врската го достигнала својот максимум и ете на дневен ред како желба на двајцата партнери доаѓа ваквиот вид сексуална забава. Можеби сте се обиделе, но не било како што треба и причините за тоа се најразлични: сте биле психички неподготвени, или се работело за недоволна доверба во партнерот, или пак не сте биле доволно добро упатени за техниката што треба да ја знаете пред да се решите на анален секс. Ајде да го разгледаме ова подетално:

analen_seks

Најпрво, пред да почнете треба двајцата да сте многу возбудени. Партнерот не смее да брза и да ви создаде напнатост. Првиот пат кога проникнува во аналниот отвор не смее да биде брзо или грубо. И покрај тоа што сте возбудени, аналниот отвор нема да се навлажни, бидејќи нема жлезди како оние во вагината. Затоа е задолжителна употреба на лубрикант. Дозволете партнерот да ве намачка и нежно нека масира.

Кога ќе бидете доволно возбудена, дајте зелено светло. Најпрво бавно нека го внесе прстот, сосема нежно и внимателно околу 1 см и нека остане така. Ќе почувствувате како аналниот отвор се стега и олабавува како одговор на проникнувањето. Следното што треба да го направи е да почне да го движи прстот напред – назад и во круг без да го вади надвор. Додека прстот е во вашиот задник, треба да продолжи со другата рака да ве гали и возбудува на другите ерогени зони, вагината, градите. Може истовремено да ја стимилира вагината и задникот.

Кога ќе почувствувате дека аналниот мускул се олабавил, партнерот нека го направи истото само овој пат со два прста или секс играчка соодветна за анален секс. Играчката можете вие сама да ја поставите анално.

Откако ќе се почувствувате комфортно со два прста или анален вибратор, значи дека сте спремна за пенетрација на пенисот. Начинот е ист. Многу бавно, најпрво 1-2 см, мала пауза за да се рашири свинктерот, и се така додека не се постигне длабока пенетрација.

Ако кажете дека треба да престане, партнерот мора да ве послуша веднаш, без да задава дополнителни прашања. Во суштина пресудна е довербата. Таа ја отклучува вратата на возбудата, релаксацијата и уживањето во аналниот секс.

Коментари

Популарно