Невремето од Србија и Хрватска доаѓа и во Македонија

snegggggg.gif-500Денеска е петок, 6 март, 65-от ден во 2015 година. До крајот на годината остануваат уште 300 дена. Денот трае 11 часа и 25 минути. Сонцето во Скопје изгрева во шест часот и три минути, а заоѓа во 17 часот и 28 минути. Месечината ќе зајде во шест часот и седум минути а повторно изгрева во 18 часот и 20 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде облачно преку денот со умерен повремено засилен северен ветер и со врнежи кои ќе бидат поинтензивни во источните делови од земјата особено преку ноќта кон сабота. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на југоисток од дожд. Во северните и западните делови од земјата врнежите на пониските места ќе бидат повремено од дожд и снег. На планините ќе се формира нова дополнителна снежна покривка, на места со дебелина од 20 см нов снег, а новите количества врнежи на места ќе надминуваат 25 л/м2 за 24 часа. Температурата ќе се движи од нула до седум степени. Во Скопје температурата ќе достигне до пет степени. Повремено засилен северен ветер со слаб врнежи претежно од снег ќе има во сабота, а во недела ќе се задржи студено време, со северен ветер и со услови за слаб снег во источните делови на земјата. Од понеделник следи променливо облачно, но стабилно време.

Коментари

Популарно