Конечно сончев и топол ден, но до кога?

10Денеска е вторник, 31 март, 90-от ден во 2015 година. До крајот на годината остануваат уште 275 дена.

Денот трае 12 часа и 35 минути.

Сонцето во Скопје изгрева во пет часот и 21 минути, а заоѓа во 17 часот и 56 минути.

Месечината ќе зајде во три часот и 11 минути, а повторно ќе изгрее во 14 часот и 21 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен претежно северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од два до осум, а дневната од 11 до 18 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе достигне до 16 степени.

До четврток ќе преовладува ветровито време, ќе дува умерен повремено засилен северен ветер. Од среда во попладневните часови повторно ќе се зголеми облачноста и ќе има појава на слаб локален дожд, особено во северните делови од земјата. Потоа, во следните денови времето ќе биде сончево со умерена облачност и релативно топло.

Коментари

Популарно