Сончево претпладне и облачно попладне, но од утре...

1Large-10Денеска е сабота, 18 април, 108-от ден во 2015 година. До крајот на годината остануваат уште 257 дена.

Денот трае 13 часа и 25 минути.

Сонцето во Скопје изгрева во пет часот и 51 минути, а заоѓа во 19 часот и 16 минути.

Месечината ќе изгрее во пет часот и 37 минути а ќе зајде во 19 часот и три минути.

Временска прогноза

Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има развој на локална нестабилност особено во северните делови со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринската температура ќе се движи од два до 10, а дневната од 21 до 28 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со краткотраен дожд и грмежи.

Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 25 степени.

Преку ноќта према недела ќе се спушта постуден воздух од север и ќе дува умерен повремено засилен северен ветер кој ќе предизвика нагло паѓање на температурата за околу седум до девет степени. Утринската температура ќе се движи од нула до осум, а дневната од 10 до 18 степени.

Во наредната недела ќе преовладува облачно и постудено време за овој период од годината со повремени локални врнежи од дожд.

Коментари

Популарно