Дожд утрово, попладне не чека...

dozd-600x330Денеска е сабота, 23 мај, 143-от ден во 2015 година. До крајот на годината остануваат уште 222 дена.

Денот трае 14 часа и 46 минути.

Сонцето во Скопје изгрева во пет часот и седум минути, а заоѓа во 19 часот и 53 минути.

Месечината ќе изгрее во 10 часот и четири минути, а ова деноноќие нема да зајде.

Временска прогноза

Времето претпладне во Македонија ќе променливо со слаб локален дожд. Преку денот облачноста ќе се намалува и ќе биде сончево со умерена облачност и умерен наместа засилен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од седум до 15, а дневната од 23 до 30 степени.

Во Скопје времето претпладне ќе биде променливо со услови за слаб локален дожд. Попладне облачноста ќе се намалува и ќе преовладува сончево со умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 27 степени.

Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди.

Коментари

Популарно