Оглас за вработување во УСЈЕ АД: Плата и до 50.000 денари

Групацијата ТИТАН повеќе од еден век успешно го продолжува својот раст, со особена почит кон поединецот, општеството и животната средина. Групацијата ТИТАН ги смета своите човечки ресурси за клучен фактор за одржлив развој. Ние се потпираме на вештините и залагањата на нашите луѓе од сите нивоа на хиерархијата. Наша цел е да ги привлечеме, развиваме и задржиме најдобрите професионалци, при што им овозможуваме креативен развој на кариера и ги наградуваме нивните резултати. На тој начин за Групацијата стекнуваме долготрајни вредности и конкурентска предност

titan-cementara

Цементарница УСЈЕ АД Скопје

ГРУПАЦИЈА ТИТАН

објавува оглас за вработување на

1. Инженер на фаза во Погон за производство (еден)

Инженерот на фаза во погон за производство учествува во работата на погонот и е одговорен за одредена фаза од одвивањето на технолошкиот процес на производство на цемент. Преку дефинирани задачи, инженерот ќе придонесува за оптимално функционирање на процесот, добивање на квалитетен производ и максимално искористување на капацитетите, организирање на човечките ресурси, а сето тоа со максимално ангажирање за безбедно извршување на задачите, како и со грижа за заштита на животната средина. Учествува во следење на работата на одделните постројки преку процесните параметри и на лице место, изработка на извештаи, решава специфични проблеми од производството. Работата се извршува од 08:00 до 16:00часот. Основната плата за работното место е од 50.000,00 денари.

Квалификации на кандидатите:

• Дипломиран инженер ВСС VII степен (240 кредити), технолошки, хемиски, електро или машински факултет

• Работно искуство од најмалку 3 години во производство, металургија, метална или хемиска индустрија,

• Познавање на Microsoft Officе познавање на останати апликации ќе се смета за предност

• Одлично познавање на англиски јазик

2. Инженери во Погон за производство (два)

Инженерот во погон за производство ќе биде дел од тимот и ќе учествува во технолошкиот процес на производство на цемент во сите фази. Преку дефинирани задачи, ќе придонесува за оптимално функционирање на целиот процес, добивање на квалитетен производ и максимално искористување на капацитетите, а притоа со гршжа за безбедност и здравје и  заштита на животната средина. Работата се извршува од 08:00 до 16:00часот. Основната плата за работното место е од 29.500 денари.

Квалификации на кандидатите:

• Дипломиран инженер ВСС VII степен (240 кредити), технолошки или хемиски факултет

• Работно искуство од најмалку 1 година во индустрија

• Одлично познавање на MS Office, познавање на останати апликации ќе се смета за предност

• Одлично познавање на англиски јазик

3. Машински инженер во Одделение за машинско одржување (еден)

Избраните кандидати ќе бидат дел од тимот за машинско одржување на опремата, преку примена на најдобрите методи за превентивно и предиктивно одржување, планирање и распоред на активности за редовно одржување, подготовка на извештаи, оптимизација на залихи на резервни делови, подготовка и имплементација на нови проекти. Ќе бидат задолжени за планирање, координирање, изведба и контрола на зафати за машинско одржување според меѓународните и најдобрите технички стандарди, следејќи ги регулативите за безбедност и здравје при работа и заштита на животната средина. Извршувањто на задачите во најголем дел е самостојно, како водачи на тим или дел од тим. Работата се извршува од 08:00 до 16:00 часот. Основната плата за работното место е од 29.500 денари

Квалификации на кандидатите:

• Машински инженер VII степен (240 кредити)

• Работно искуство од најмалку 1 година во одржување

• Одлично познавање на MS Office, AutoCAD (2-D), MS Project, познавање на AutoCAD 3-D и Инвертор ќе се смета за предност

• Одлично познавање на англиски јазик, германски јазик ќе се смета за предност

4. Електро инженер во Одделение за електро одржување (еден)

Избраниот кандидат ќе биде задолжен за електро одржување на индустриски машини (трансформатори, мотори), трансформаторски станици и релејна заштита, PLC управувани машини и автоматизација на процеси, лаборатириски инструменти, системи за мерење на неелектрични величини и др. За своето работење ќе одговара на Раководителот во Одделение за електро одржување. Работата се извршува од 08:00 до 16:00 часот. Основната плата во бруто износ за работното место е од 29.500 денари

Квалификации на кандидатите:

• Електротехнички факултет, ВСС/VII степен (240 кредити)

•  Работно искуство од најмалку 1 година во електро одржување

•  Одлично познавање на MS Office, AutoCAD, PLC, SCADA и други пакети индустриски софтвер

•  Одлично познавање на англискиот јазик

5. Референт за човечки ресурси и кадровски работи (еден)

Избраниот кандидат ќе извршува работни задачи во Службата за човечки ресурси и кадровски работи, активности поврзани со договори за вработување, описи на работни места, односи со вработените, бенефиции за вработените, работи поврзани со социјално и пензиско осигирување на вработените, пријава/одјава на вработени, обука и развој и слично.

Кандидатот треба да има изразени комуникациски способности, отвореност и желба за работа со луѓе, прецизност во работењето, познавање и спосбност за следење на законската регулатива од областа на работните односи. Работното време е од 08:00 – 16:00 часот. Основната плата за работното место е од 29.000 денари.

Квалификации на кандидатите:

• Високо образование ВСС/VII (240 кредити)

• Дополнително образование од областа човечки ресурси ќе се смета за предност

• Работно искуство од најмалку 1 година во областа на човечки ресурси и кадровски работи

• Одлично познавање на MS Office (MS Word, MS Excel, напреден MS Excel, PowerPoint)

• Одлично познавање на англиски јазик (ниво C1)

6. Референт за продажба (еден)

Избраниот кандидат ќе биде задолжен за извршување на активностите во Секторот за продажба, пред сé следење и истражување на пазарот, движењата и промените на пазарот на цемент, задолжен за зголемување на продажбата кај неговите клиенти, навремена наплата на побарувањата од купувачите, да обезбеди ефикасен сервис на клиентите, комуникација и посета на клиентите и други маркетинг активности. Задолжен за логистика на побараните производи за домашен пазар и за извоз.

Кандидатот треба да има изразени комуникациски способности, нови идеи и иницијатива за развој на продажбата, отвореност и желба за работа со луѓе, динамичност и подготвеност за чести патувања.

Работното време од 08:00 – 16:00 дневно. Основната плата за работното место е од 29.000 денари.

Квалификации на кандидатите:

• Високо образование ВСС/VII степен (240 кредити)

• Работно искуство од најмалку 1 година во областа на продажбата

• Одлично познавање на MS Office

• Одлично познавање на англиски јазик

7. Оператори во погон за производство  (три) 

Операторот управува со постројки во рамките на технолошкиот процес на производство на цемент во сите фази. Тоа подразбира компјутерско водење на процесот со помош на процесни параметри, што значи претходно стекнување со солидни технички познавања за процесот. Следи состојба на опремата на лице место, врши редовни проверки и по потреба одглавувања на транспортни системи или друга производна опрема. Учествува во одржување уредност и хигиена во погонот, а по потреба учествува и во ремонтни активности на опремата.

Работното време е во три смени (06:00-14:00, 14:00-22:00, 22:00-06:00). Основната плата за работното место е од 19.000 денари.

Квалификации на кандидатите:

• ССС/IV степен на стручна подготовка (машински, електро, хемиски, градежен техничар или гимназија)

• Работно искуство во производство од најмалку 1 година

• Познавање на работа на компјутер, одлично познавање на MS Office

• Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност

8. Машински техничари во одржување  (два) 

Машинскот техничар во машинско одржување ќе биде задожен за извршување на браварски активности (сервис, заварување, сечење, брусење, подесување, центрирање и слично) на машинската опрема која се користи во производниот процес.

Се грижи за исправноста, контролата на опремата и правилно ракување со алатот, како и за чистотата и уредноста во погонот. Работното време е од 08:00 – 16:00 дневно. Основната плата за работното место е од 19.000  денари.

Квалификации на кандидатите:

• ССС/IV степен на стручна подготовка, машински техничар

• Лиценци за заварување, користење вилушкари, работа на височина ќе се сметаат за предност

• Работно искуство во производство од најмалку 1 година

• Познавање на работа на компјутер, одлично познавање на MS Office

• Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност

9. Асистенти во Сектор за квалитет  (два)

Избраниот кандидат ќе биде задолжен за: сумирање и анализа на податоците преку дневни, месечни и годишни извештаи, правилно земање и подготовка на примероци, хемиски и физичко-механички анализи и нивно регистрирање. Ги следи инструкциите, упатствата и процедурите за контрола на квалитетот, ракување со опремата, развивање и анализа на статистички податоци. Работното време е во три смени (06:00-14:00, 14:00-22:00, 22:00-06:00). Основната плата за работното место е од 19.000 денари.

Квалификации на кандидатите:

• ССС/IV степен на стручна подготовка (хемиски, градежен техничар или гимназија)

• Работно искуство од најмалку 1 година во лабораторија ќе се смета за предност

• Познавање на MS Office

• Познавање на англиски јазик

10. Референт за книговодство (еден)

Избраниот кандидат ќе извршува работни задачи во службата за локално сметководство и тоа книжење и проверка на фактурите за набавки и услуги од домашен пазар и увоз, за влезните фактури - внесува валута на плаќање во систем и резервирање на плаќањето вирмански и во спецификација, книжење на сите видови исплати по различни основи, материјално книжење и месечна анализа на залихи и анализа на трошоците. Кандидатот треба да има изразени аналитички способности и прецизност во работењето. Работното време е од 08:00 – 16:00 часот. Основната плата за работното место е од 18.000 денари.

Квалификации на кандидатите:

• ССС/IV степен образование, економско училиште

• Работно искуство најмалку 1 година во областа на сметководството

• Одлично познавање на MS Office

• Познавање на англиски јазик

Конкурентски предности за сите работни позиции:

Желба за работа во средина со високи барања

Одлични аналитички, комуникациски и организаторски способности

Динамичност, ефективност и ефикасност

Флексибилност и адаптибилност

Посветеност, мотивираност, иницијативност

Тимска работа и кооперативност

Решавање на проблеми

Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:

1.    Мотивациско писмо

2.    Биографија (CV)

3.    Доказ за завршено образование

Огласот трае 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето.

Кандидатите  треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.

Вработувањето е со полно работно време (40 часа неделно), на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено време.

Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.

Аплицирањето се врши само на веб страницата на Цементарница УСЈЕ АД Скопје,

http://usje.com.mk каде заинтересираните кандидати треба да ја пополнат електронската апликација за CV и да ги прикачат потребните документи.

Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.

Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.

Краен рок за пријавување:06.06.2015

Коментари

Популарно