ТОП 5: Најчести повреди при секс

Повредите при сексот не се толку реткоколку што би сакале да мислите. Според некои студии една третина од возрасните се соочиле со истите. Ова се најчестите:

sex

Мали рани во вагината

Малите рани во вагината се една од најчестите повреди за време на сексуалните односи. Ако по самиот чин жената крвари или чувствува болка во вагината, може да се работи за мали рани. До ваков вид повреди доаѓа ако за време на односот вагината не била доволно влажна. Ако не можете да достигнете доволна влажност, користете лубрикант или имајте побавен и внимателен секс. Ако ниеден од овие два совети не помага, тогаш треба да го посетите својот гинеколог.

Нешто се заглавило „таму долу"

Двa најчести „предмети" со кои се среќаваат гинеколозите се заборавени тампони и изгубени презервативи. Ако тоа ви се случи и вам, прв совет е да останете смирени, да причекате десет до петнаесет минути после сексот за вагината да се врати во својата вообичаена величина. Затоа длабоко вдишете, опуштете се и ставете два прсти во вагината со цел да го извадите тампонот или презервативот. Ако не успеете, обратете се кај својот лекар.

Гребнатини

Ако некогаш за време на водење љубов завршите на тепих или на песочна плажа, заради триењето на кожата со груби површини може да дојде до болни гребнатини. При таква повреда измијте го местото со ладна вода и антибактериски сапун, а ако кожата испукала намачкајте ја со антибактериска крема пред да ставите фластер. За да ги спречите ваквите повреди, би било најдобро да поставите ќебенце или крпа.

Повреди на грбот

Некој потег или потези за време на сексуалниот однос можат да предизвикаат болка во долниот дел на грбот. Ако се повредите, ставете мраз на болното место, а за да намали воспалението можете да ставите топол облог за да ги загреете мускулите. Ако ни тоа не помага, напијте се таблета против болки и мирувајте неколку часа.

Скршен пенис

Иако многу ретко, се случува пенисот да се скрши. За да дојде до тоа, потребни се ерекција и висок притисок. Тоа најчесто се случува за време на груб секс кога пенисот ќе лизне од вагината и ќе удри во срамната коска или перинеумот. Исто така, постои можност жената да направи брзо и остро движење и на тој начин да го скрши. Пенисот е составен од две големи и едно мало ткиво. Тие ткива за време на ерекцијата се полнат со крв, па пенисот се стврднува. Овие ткива се обвиени со посебни мембрани наречени туникаалбугинеа. Ако таа мембрана пукне следува кршење на пенисот. После кршење на пенисот потребно е веднаш да се отиде во болница, во меѓувреме да се ставаат ладни облоги.

10 најчесто повредувани делови од телото

7951_130515005149131_534x378

Коментари

Популарно