ФОТО: Косовски терорист кој загина во Куманов, погребан со највисоки почести на Косово

Откако пред неолку дена телата на загинатите терористи во Куманово беа вратени на Косово, соседната држава на неколкупати се обидува да ги прикаже како херои. Па така, поранешниот припадник на ОВК, Бег Ригзај, кој беше убиен во вооружениот конфликт во Куманово, со големи почести денеска беше погребан во комплексот Глоѓане, во општината Дечани.

111hodvdorit

На комеморацијата што беше организирана од страна на општината, присуствувале неговите соборци кои биле облечени во униформи. Ризај бил офицер на специјалната единица „Црни орли“ на ОВК.

На погребот присуствуваа голем број на граѓани, потоа претставници од повеќе косовски партии, како и некои личности од јавниот живот во Македонија и Албанија.

Безживотното тело на Ризај беше завиткано во знамето на Албанија.

Сите говорници го нарекувале Ризај дека е херој на албанскиот народ.

Коментари

Популарно