Денеска слаб дожд, за викендов невреме!

доздДенеска е петок 14 август, 226-от ден во 2015 година. До крајот на годината остануваат уште 139 дена. Денот трае 13 часа и 58 минути.

Сонцето во Скопје изгрева во 5 часот и 39 минути, а заоѓа во 19 часот и 37 минути.

Месечината ќе изгрее 5 часот и 27 минути, а ќе зајде во 19 часот и 17 минути.

Временска прогноза

Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а попладне ќе има развој на нестабилна облачност со повремен пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 21, а дневната од 30 до 37 степени.

Во Скопје слично време, претпладне сончево, а попладне со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе се искачи до 37 степени.

Во охридско-преспанскиот регион попладне ќе има услови за краткотраен дожд со ретки грмежи. Температурата ќе достигне до 32 степени.

Во дојранскиот регион, слично време со развој на нестабилна облачност. Во попладневните часови ќе има услови з локален дожд и грмежи. Температурата ќе достигне до 36 степени.

Во наредните денови во попладневните часови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.

Во недела кон крајот на денот и во понеделник ќе има поизразена нестабилност со пообилен пороен дожд, електрични празнења и засилен ветер. Во почетокот на наредната недела дневната температура ќе опадне за неколку степени.

Коментари

Популарно