Дневен хороскоп

ОВЕН

Денес ќе почнете да размислувате за редефинирање на старите одлуки и за донесување нови. Очекувате да ви се сменат многу работи во животот, и почнувате да работите на тоа поле. Работата ви носи нови позитивни моменти и можност за напредување. Партнерските односи беа малку затегнати и тешко наоѓавте заеднички јазик со партнерот, иако разговаравте за исти работи. Сметате дека е време да стапите во акција за да ја спасите врската. Доколку сте во брак, бидете внимателни и не спасувајте ја барајќи освежување надвор од бракот.

БИК

Сè уште се вртите во круг и не наоѓате решение за прашањата кои се врзани за домот. Пријателската помош е добредојдена, но во овој случај ќе бидете повеќе збунети со советот отколку што ќе дојдете до решение. Во однос на работата , близу сте до решение за излез од маѓепсаниот круг, но сè уште се премислувате. За да бидете задоволни, потребно е да преземете радикален чекор, но во овој момент сè уште не сте подготвени за тоа. Доколку сте сами, среќавате многу личности, но уште не можете да се определите за една.

БЛИЗНАЦИ

Денес на работното место ќе бидете многу емотивни. Имате чувство дека никој не ве разбира и оти колегите и претпоставените само чекаат да направите грешка за да ве нападнат. Ова чувство може да предизвика потреба да смените нешто во односите со нив и да ставите јасна граница до каде можат да одат со нивните критики. Партнерот сè повеќе се врти кон работата и имате чувство на запоставеност. Доколку сте сами, денес е можна средба со некој што ќе ви се допадне на прв поглед. Ќе имате чувство дека се познавате одамна и оти сте го пронашле својот идеален партнер.

РАК

Многу сте емотивни и како да имате потреба да сфатите што се случува со вас. Сè што ќе започнете, ви оди од рака, но сепак, чувствувате некое незадоволство. Можеби тоа чувство доаѓа од фактот дека немате време да си се посветите себеси и на своите фантазии. Денес е можен краток пат или преговори околу некоја нова работа, која треба да ви донесе финансиска добивка. Меѓутоа, вие не сте сигурни дека тоа ќе биде така како што сте замислиле, и тоа ве измачува. Партнерот се обидува да ве контролира и да ви наметне некои ограничувања .

ЛАВ

Се наоѓате на животна раскрсница, и не знаете кој пат да го одберете. Од една страна, сакате сериозно да се зафатите за работа, од друга тоа ве души и имате потреба да направите голема промена во животот. За ваша среќа, промените кои сакате да ги направите се добри и веќе имате направено анализа на идните чекори. Доколку сте во подолга врска или во брак, импулсивноста на партнерот почнува да ви пречи и отворено ќе му се спротивставите. Доколку сте слободни, сè уште сте во потрага по идеален партнер. Сметате дека никој околу вас не е достоен да му го посветите своето време и своето внимание.

ДЕВИЦА

Задоволни сте со себе и со плановите кои ги имате. Плановите ви се свртени кон домот и кон работите кои треба да ги направите за да се чувствувате подобро. Доколку имате сопствен бизнис,очекувајте позитивни промени. Можно е да се случи нешто што ќе ве натера сосема да смените правецот во кариерата. Денешниов ден е полн со емоции и размислувања околу иднината. Партнерот не учествува во вашите планови, и тоа особено ве иритира. Денес ќе се обидете да направите компромис за да го натерате да соработува.

ВАГА

Доколку работите во некоја поголема институција или во хуманитарна организација, очекувајте радикални промени, кои ќе сменат многу работи во вашиот живот. Подготвени сте за компромиси само за да ги избегнете тешките ситуации. Вашата несигурност ја користат колегите и се обидуваат да преземат дел од вашите заслуги. Време е да застанете цврсто на нозе и да престанете да се вртите во круг. Партнерот одвреме-навреме ве освестува со неговите коментари, но вие како да не знаете да излезете од маѓепсаниот круг во кој се наоѓате.

СКОРПИЈА

Во очекување на подобри денови, правите планови за нови почетоци. Плановите ви се мегаломански и чувствувате дека само така ќе излезете од кризата. Лекциите кои ги добивте во изминатиот период, ве тераат да одите на сè или ништо, не дозволувајќи мешање отстрана. Партнерот, и покрај големата желба да ви помогне, не е во состојба да го направи тоа. За жал, битката ќе морате до крај да ја биете сами. Доколку сте сами и сè уште сте емотивно врзани за една личност со која не знаете на што сте, денес ќе паднете во мала емотивна криза.

СТРЕЛЕЦ

Обземени сте со работата и со идните чекори кои ќе треба да ги преземете. Правите детална анализа на сè што треба да сработите и се обидувате да го разработите планот во детали. Бидете внимателни да не се случи од дрвјата да не не ја видите шумата. Партнерот се обидува да ви помогне и прави компромиси за да не ве иритира. Меѓутоа, вие сте обземени со себе, и тие обиди воопшто не ги забележувате. Доколку сте сами, денес е можна средба со личност која изгледа по малку арогантно. Бидете внимателни.

ЈАРЕЦ

Денес ќе се обидете да направите компромис во врска со работата, кој ќе ви донесе поени кај претпоставените. Доколку работите со странство или со странци, очекувајте поволен договор. Партнерот се наоѓа во криза и денес ќе почувствувате дека почнува да се повлекува. Време е да му обрнете внимание, без да го оптоварувате со вашите разговори околу работата. Тој има потреба за близина, а вие постојано се оддалечувате. Ако сте сами, денес е можна комуникација со една личност што живее далеку.

ВОДОЛИЈА

Имате некои планови околу работата, но сè уште не се дефинирани и се потпирате на интуицијата. Интуицијата ви е јака, но сепак, треба да направите анализи и да ги предвидите идните чекори за да го достигнете долгоочекуваниот успех. Финансиите во моментов ви се добри, но сè уште не можете да се опуштите. Партнерот се обидува да даде свој придонес во однос на домот, но како да нема здив работите да ги истера докрај. Свесни сте дека на крај ќе бара помош од вас, и тоа ве иритира. Обидете се да бидете потактични.

РИБИ

Денес ќе имате некои чудни случувања во врска со работата. Постои шанса за радикални резови и за голема промена во однос на кариерата. Дали тоа ќе биде добро за вас или не, зависи од тоа што во моментов сакате и дали воопшто сакате промени. Вие често го менувате размислувањето и желбите, но кога работите ќе дојдат однадвор, се чувствувате онеправдани. Партнерот во моментов се обидува да биде кооперативен и да не ве иритира. Тоа за вас е позитивна промена, и многу ви значи.

Коментари

Популарно