Пронајдено е телото на Дарина Громова

Причината за нападот ќе ја открие на најмладата жртва на рускиот авион?

Darina Gromova е пронајдена на 33,6 километри, од авионската несреќа. Поради неа инспекторите ја проширија истрагата, до 40 километри. Веројатно тоа е и причината за новите докази. Дарина Громова имала само десет месеци и е најмладата жртва која почина во падот на рускиот авион на Синајскиот Полуостров.

Darina Gromova

Нејзината фотографија пред фаталниот лет стана симбол на трагедијата. Нејзиното тело било пронајдено на 33,6 километри од несреќата. Телата на нејзините родители Татјана (26) и Алексеј (27) се уште се бараат . Во несреќата загинаа 224 лица.

Дејли Меил пишува дека токму најмладата жртва може да им помогне на иследниците да одговорат на прашањето зошто авионот се урнал. Бидејќи нејзиното тело беше пронајдено речиси 34 километри од местото на несреќата, експертите заклучија дека авионот експлодирал порано отколку што претходно се мислеше. Поради тоа, тие ја проширија областа на која се бараат докази. Жртвите и доказите се бараа на многу помало подрачје, но откако го пронајдоа телото на девојчето, просторот за пребарување се проши до 40 километри. Телото на девојчето е пронајдено во близина на аеродромот, што би значело дека авионот експлодирал кратко по полетувањето. Нејзиното мртво тело во четвртокот е префрлено во Каиро.

2E23E7BD00000578-3305604-image-m-134_1446742269408

Алексеј Громов бил ИТ експерт а Татјана била на породилно отсуство. Инаку работела како организатор на изложби. Елена Громова, бабата на малата Дарина, им кажа на новинарите како таа сугерирала да ја причува својата внука додека се тие на одмор во Египет, но родителите се одлучиле да ја земат со себе.

Египетските власти го забраниле багажот

Да потсетиме, авионот падна во неделата, а причината за несреќата се уште е под истрага. Милитантите во Синај, кои го поддржуваат ИСИЛ, во неделата објавија дека тие го урнаа авионот. Египетските власти рекоа дека тоа е невозможно. "Црните кутии" се испратени на анализа. Американците објавија дека постои сомневање дека милитантите имале соучесници на аеродромот и дека во авионот била поставена бомба. Египетските власти од несреќата го забранија багажот и илјадници британски туристи кои во петокот се вратија дома од Шарм ел Шеик не ќе бидат во можност да го добијат нивниот багаж, пишува Гардијан. Багажот од безбедносни причини ќе се задржи и ќе ја добијат во следните седум дена.

Коментари

Популарно