Што ќе каже ЕУ за ова? Шокантна снимка, Грците намерно бушат чамец полн со бегалци

Припадниците на грчкта крајбрежна стража се обвинети за обид на намерно потопување на чамец полн со бегалци од Сирија откако во јавноста се појави шокантна снимка.

grc-1

Припадниците на турската крајбрежна стража на 12-ти ноември добиле видео снимка на која може да се види како мал гумен чамец со педесетина бегалци плови во Егејското море. Притоа, бегалците врескаат и бараат помош, додека пак грчката крајбрежна стража се обидува да го потоне нивниот чамец.

Турските власти ја обијавија видео снимката пред неколку дена, а „Ројтерс“ пренесува дека од таму поднеле жалба до надлежните грчки власти.

На снимката се гледа како човек во униформа на грчката крајбрежна стража се обидува да пробуши гумен чамец полн со бегалци. Чамецот започнува да тоне, а во меѓувреме грчкиот брод си заминува, оставајќи ги турските колеги да го решат проблемот.

Грчкиот командант на крајбрежната стража, Атанасиос Атанасопулос бил шокиран откако го погледнал видеото и ветил дека ќе ги превземе сите можни чекори за да ги казни тие што го направиле ова дело, пренесува турски „Хуријет“.

Коментари

Популарно