Регионот згрозен: Ја силувал и ја забременил малолетната ќерка со пречки во развојот

Петнаестгодишната И.М. која ја силувал Д.М. (48) од село Прово кај Владимирац, морала да абортира во поодмината бременост и таа е сместена во специјалната установа за деца и лица со пречки во развојот.

pedofil-siluvanje

Б.М. мајка на девојчето, пријавила во Центарот за социјална работа дека нејзиниот сопруг со месеци сексуално ја злоставувал нивната ќерка со пречки во развојот.

Лекарите утврдиле дека девојчето е во 25. недела од бременоста.

-Со оглед на тоа дека во прашање е малолетно лице со психички и физички пречки во развојот, етичкиот комитет во чиј состав биле лекари, психолози и социјални работници, донел одлука да се прекине бременоста кај девојчето, велат извори од истрагата.

Коментари

Популарно