Студено утро и сончев ден

87960272Денеска е сабота, 6 февруари 2016 година, 37-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 329 дена.

Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 43 минути, а ќе зајде во 16 часот и 53 минути.

Денов трае 10 часа и 10 минути.

Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во 4 часот и 42 минути, а ќе зајде во 14 часот и 49 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која во текот на денот постепено ќе се намалува. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец кој повеќе ќе биде изразен долж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до два, а дневната од два до девет степени.

Во Скопје слично време, малку до умерено облачно со слаб до умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе се искачи до седум степени.

Во наредните денови ќе преовладува стабилно време. Во утринските часови ќе има негативни утрински температури, а преку денот температурата ќе се зголемува.

Коментари

Популарно