Каде исчезнаа 493.000 прислушкувани разговори од „сефот“ на Заев?

Пред некој месец пишувајќи за политичката состојба во Македонија напишав дека Специјалното Јавно Обвинителство е само фарса, маркетиншки трик. Денеска од СЈО искочија со извештај за својата работа, па решив да им посветам еден текст.

zoran-zaev-katica-janeva

Најпрво да повторам дека СЈО е неуставна институција, донесена без никаква согласност на граѓаните на Македонија. Иако дел од народот во државава го подржува формирањето на СЈО, за истото не дадоа согласност. СЈО е договорено зад затворени врати од лидерите на политичките партии и странски моќници. Истите тие подоцна решаваат кој да стои на чело на иснтитуцијата која наводно ќе ја реши политичката криза. Како неуставна институција ќе реши политичка криза, за мене сеуште е нејансо, но одиме понатаму.

Откако беше формирано СЈО, со сите проблеми околу буџетот и бројот на обвинители, сефови и кафекувари, конечно дојде моментот кога СДСМ, односно Зоран Заев требаше да им ги предаде прислушкуваните материјали, но... Претседателот на СДСМ реши дека СЈО нема услови да ги чува материјалите! Институцијата која треба да ја решава кризата, моќното СЈО остана без работа. Ова Јавно Обвинителство е Специјално, затоа што е формирано да ги решава предметите кои произлегуваат од нелегалното прислушкување, а немаше моќ да ги добие во свој посед?!!!

Откако конечно градоначалникот на Струмица реши да им ги даде материјалите, СЈО почна да работи, па набрзо изготви неколку обвиненија против поранешни мисистри и градначалникот на Пустец. При приведувањето на градоначалникот, СЈО го прекрши уставот, а барањето за притвор на обвинетите беше одбиено. Следуваше прес конференција на која Катица Јанева го покажа својот капацитет во читање. Не дека имам нешто против специјалната јавна обвинителка, но тој нејзин настап во потполност ја сруши илузијата дека Јанева има капацитет да биде на чело на сериозна институција. Дури и тоа да не е така, обвинителката тоа го направи со одложувањето на „Пуч“ заради свадба на својата ќерка и Велигден! Јас не знам друга личност во Македонија која прогласила одмор од 2 месеца за свадба и Велигден.

И ако сето ова не ни беше доволно да сфатиме дека СЈО е само фарса, денеска ни пристигна соопштени од таа адреса во кое на 13 страници се опишани сите преземени активности во изминатиот период.

Ќе се задржам на овој дел:

Јанева информира дека на 30 декември од партијата СДСМ им доставиле еден хард диск и шест кутии со транскрипти во печатена форма кои по приемот се сместени во сигурносни сефови кои ги исполнуваат безбедносните стандарди за чување на ваков вид материјали.

На екстерниот хард диск се содржани вкупно 546.948 фајлови, од кои 540.646 се аудио фајлови и 6.302 фајлови се со различен формат (Word, Excel, PDF и други).“

Значи СЈО располага со 546.948 фајлови од прислушкувани разговори! Господинот Зоран Заев, во разговорот со Латас при гостувањето на ТВ Сител, јавно пред цела македонска јавност кажа дека тој поседува 1.040.000 разговори!!! Каде исчезнаа 493.000 прислушкувани разговори? Дали Заев ги подели по „блиски“ луѓе? Ова прашање треба да го постави СЈО, а одгворот да го даде Заев, но... Тоа ќе беше така само доколку се работеше за вистинска институција која навистина сака да реши проблем и криза, а во овој случај работата е поинаква. СЈО нема мотив, ниту идеја, веројатно ни капацитет да реши било каков проблем во Македонија. Оваа против уставна „институција“ е тука за фарса, за маркетинг, за спин.

Автор: Пацифист

Коментари

Популарно