Терористичката група Исламска држава ја презеде одговорноста за денешните напади во Брисел.

Соопштението на групата беше објавено од новинската агенција Амак, која се поврзува со ИСИС, објавија египетските медиуми.

CeJGwERW8AApBqw

Според извештаите на бриселските медиуми, најмалку 28 луѓе загинаа во, како што премиерот Шарл Мишел изјави, двата слепи, насилни и кукавички напади врз аерoдромот и метрото во Брисел. Мерките за безбедност се засилени во Европа, а европските лидери го осудија нападот и изразија солидарност со Белгија.

Во Белгија заканата од тероризам е подигната на највисоко ниво. Аеродромот и целиот јавен превоз е затворен. Белгискиот кризен центар ги советуваше граѓаните да останат таму каде што се наоѓаат. До персоналот на европските институции е испратен совет да останат дома или да не ги напуштаат работните места. Нивото на безбедноста е подигнато на сите европски аеродроми.

Како што јавија белгиските медиуми, експлозиите на аеродромот Завентен одекнале во терминалот за заминување. Аеродромот веднаш беше затворен за летови, како и железничкиот транспорт кој води кон аеродромот. Овие експлозии доаѓаат по апсењето на Салex Абдeслам во Брисел.

Тој е првообвинет во случајот за ноемвриските напади во Париз кога беа убиени 130 луѓе.

Коментари

Популарно