Дали сопругот ја убил Јелена? Еве што излажал во полиција

Во исчекување на резултатите од ДНК тестот на ткивото под ноктите на Јелена, што јасно ќе каже кој е убиецот, српските медиуми се поотворено го обвинуваат сопругот на пејачката. Тој и синоќа остана во притвор. Инаку, на Зоран денес му истекува задржувањето од 48 часа во притвор.

db2djjrjrke

Од ДНК резултатите зависи судбината на Зоран Марјановиќ. По истекувањето на мерката за задржување, по налог на обвинител, против сопругот може да биде поднесена кривична пријава за одредено кривично дело, доколку постојат докази за тоа или ќе биде пуштен на слобода.

Зоран Марјановиќ сѐ уште се наоѓа во притвор, иако по втор пат го помина полиграфот.

Како што пренесе „пинк.рс“, тој е задржан во полиција бидејќи во повеќе наврати при испрашувањето давал контрадикторни изјави, како и изјави што не се согласни со изјавите на други сведоци.

„Марјановиќ изјави дека дел од патот кон дома го поминал пеш, додека други сведоци изјавиле дека на тој дел го виделе во автомобил. За да се утврдат сите детали како дошло до ова злостосртво, тој е задржан во притвор“ – изјавил добро известен извор за Информер.

Коментари

Популарно