Е вака се спасува економија: 500 евра за секој граѓанин

Во обид да се спаси економијата на еврозоната, се погласни повторно стануваат идеите на европските економисти на секој граѓанин да му се подели 500 евра кои ќе можат да ги потрошат на што сакаат, без обврска да ги вратат тие средства или пак да платат камата за нив.

359641-bundesbanka-zastana-vo-odbrana-na-banknotata-od-500-evra

Граѓаните трошат многу малку, па токму поради тоа економистите предлагаат на граѓаните да им се подели од 500 па дури до 2 илјади евра. На тој начин, сметаат економистите, ќе се поттикне значајно потрошувачката.

Инаку, ова не е прв пат ваква идеја да се спомене внатре во Европската унија. Некои земји за време на кризата веќе ја спроведуваат оваа идеја со цел да ја поттикна потрошувачката. Германија и Франција, се пример за тоа, кои на секој граѓанин им поделија по 500 евра со цел да ја поттикнат домашната потрошувачка.

Логиката од која се водат економистите е следна: граѓаните кои добиваат пари на овој начин, тие пари ќе ги потрошат на купување и ќе ги потрошат. Како одговор на тоа, компаниите ќе мора да го зголемат своето производство и да вработат повеќе работници, што во крајна линија ќе доведе до економски раст, но и раст на цените. Во екот на се потешката ситуација во еврозоната, се повеќе економисти ја заговараат оваа идеја.

Коментари

Популарно