ДАЛИ СТЕ СЕКСУАЛНО ДЕПРЕСИВНИ?

tocka-194675

Наместо љубов, жените сè повеќе посакуваат трајна заљубеност, а мажите секс. Уживањето се изедначува со среќата, и тоа е една од причините што сè поголем број на врски се неуспешни и што има сè повеќе самци.

Сексот без обврски прерасна во животен стил. Некои во него го гледаат токму доказот за сопствените моќи, некои пак дека се модерни и слободни, а некои само сакаат да им угодат на другите како би биле прифатени, велат психотерапевтите. Сексот за една ноќ можеби и не е лош избор ако е личноста одговорна за сите последици коишто ги носи тој сам по себе.

Но проблемот настанува кога некој едноставно не може да функционира поинаку, па воспоставува единствено само краткотрајни врски бидејќи се заштитува од емоционално зближување. Сепак, емотивната изолација е сосема сигурен пат до депресијата.

Наместо да се врзат со некој и да воспостават љубовна врска, луѓето се почесто се обидуваат да се ослободат од чувството на празнина со помош на алкохол и храна, па и површни сексуални односи. Но, ништо од тоа апсолутно не може да ја замени љубовта.

ljubv-depresija-novo-karmin-01

Луѓето едноставно се плашат од блискоста бидејќи сметаат дека можеби ќе бидат отфрлени кога другите, кога ќе ги запознаат подобро, ќе видат дека тие сепак не се толку одлични како што најпрво претпоставувале. Бидејќи сите ние едноставно не можеме да бидеме совршени... А во крајна инстанца, се плашат и од тагата и болката.

Здравиот однос подразбира во него да вложува личност којашто се прифатила себе си онаква каква што е, и која знае дека како таква заслужува да биде сакана. Таквата личност не се плаши од блискоста. А стравот од врзување го губиме кога ќе сфатиме дека напуштањето не значи дека сме лоши и дека не заслужуваме љубов.

Најмногу боли кога ќе се совпадне тагувањето, коешто е пак нормално да се јави кога ќе не остави некого кого сакаме, и токму во тој момент чувствуваме дека сме отфрлени како безвредни и недостојни за љубов.

Значи, мора да станеме емоционално зрели за да го надминеме стравот од љубовта.

Сексот без љубов апсолутно постои

Уверувањето дека нема секс без емоции не е точно. Сексот со личноста кон којашто сме апсолутно рамнодушни е апсолутно возможен, иако најчесто е поврзан токму со емоции, и тоа не само со љубовта, туку и допаѓањето, заљубеноста, но и презирот, па дури и омразата.

Луѓето коишто не се познаваат, а имаат секс, имаат доживување како да се работи за нешто ново, и тоа може да биде возбудливо. Но, таквиот секс не може да исполни ниту еден маж, и ниту една жена, како сексот којшто вклучува длабока поврзаност. Ако некој на себе си си го одземе правото на љубов и се впушта само во површни односи, со текот на времето ќе стане анксиозен и депресивно расположен.

ljubv-depresija-novo-karmin-02

Коментари

Популарно