Сончево и топло - температури над 30!

23-te-najubavi-i-najmagichni-zajdisonca-nasekade-2

Денеска е сабота, 28 мај 2016 година, 149-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 217 дена.

Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 3 минути, а ќе зајде во 19 часот и 59 минути.

Денов трае 14 часа и 56 минути.

Месечината, која е во фаза на полна Месечина, ќе изгрее 15 минути по полноќ, а ќе зајде во 11 часот и 4 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне облачноста во крајните западни делови ќе се зголеми и можни се услови за краткотрајна нестабилност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од седум до 16, а дневната од 25 до 32 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 30 степени.

Најтопло ќе биде во недела и во понеделник кога на повеќе места температурата ќе надминува 30 степени. Во недела попладне ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Изолирана појава на нестабилност се уште е можна и во понеделник.

Коментари

Популарно