Косово ќе биде членка на ОН кога Русија ќе каже “хорошо“!

Дека копјата се кршат и ќе се кршат околу зачленувањето на Косово во ОН не е непознатица, особено кога се знае дека таму работите се одвиваат со консензус на петте постојани земји членки На политичарите од Косово сосема им е јасно дека сонот за зачленување во ОН сега засега е илузија.

images

И косовскиот министер за надворешни работи Енвер Хоџај за телевизија Кљан Косова изјавил дека патот за членство на Косово во ОН, не стои Белград, туку Русија. Во меѓународната арена е невозможно да се стане член во ОН без мировна спогодба. Не поради Србија, туку поради руското вето, рекол Хоџај.

kosovo-pasos

Додека Белград има партнер во Советот за безбедност, ќе бидеме приморани да постигнеме правно обврзувачка спогодба која ќе ни овозможи да станеме членка во ОН, заклучил Хоџај, пренесува приштинска телевизија.

Коментари

Популарно