ВИДЕО: 5 мртви тела се извлекуваат од автобусот на смртта во близина на Белград

Во страотна несреќа што се случи ноќеска околу 3 часот на автопатот Белград - Ниш, загинаа пет лица, а 23 се повредени. Патниците настрадаа, затоа што од засега непознати причини, се преврте автобусот.

Saobracajna-nesreca-Aleksinac-autobuska-nesreca-6

Екипите на итната помош 23 повредени ги превезоа во здравствениот дом во Алексинац и Нишкиот клинички центар, а спасувачките екипите се уште се обидуваат да ги извадата телата на настраданите од под автобусот.

Saobracajna-nesreca-Aleksinac-autobuska-nesreca-3

По налог на Обвинителството на возачот му е одредено задржување од 48 часа поради тешко дело против безбедноста во сообраќајот.

Saobracajna-nesreca-Aleksinac-autobuska-nesreca-2

Автобусот се превртел на десната страна на шестиот километар од Алексинац, а се уште не се знае која е причината за сообраќајната незгода.

Autobuska-nesreca-saobracajna-nesreca-Aleksinac-3

Да потсетиме, во автобусот со словачки регистерски таблички се наоѓале туристи кои се враќале од летување на Крф.

Погледнете ја оваа страшна глетка:

Коментари

Популарно